Претседателот на албанската бизнис дијаспора се досели во „Соравиа“
Објавено во: Економија 24 Јули, 2023 07:50
Назар Мехмети од Далас, претседател на албанската бизнис дијаспора (ADBN), ја шири деловната мрежа во Македонија со новорегистрирана фирма на адреса на трговскиот центар „Соравиа“.
Компанијата „Американ Инвестмент Груп“ е регистрирана на адресата „Филип Втори Македонски бр.3“ со амбициозен почетен влог од 3 милиони евра и со дејност „на советување во врска со работењето и останато управување“.
Бизнисменот кој во САД е познат уште и по името Ник, според она што може да се види во медиумите кои известуваат за неговите деловни контакти, се поврзува со четириесет и една компанија. Компаниите биле формирани во период од четириесет и две години. Дваесет и шест од компаниите се сè уште активни, додека останатите петнаесет сега се наведени како неактивни.

Ник Мехмети е познат и по организацијата на економски форуми, конференции и промоции на кои учествуваат и странски политичари од регионот и од светот, меѓу кои некогашните косовски претседател Хашим Тачи и премиер Рамуш Харадинај, министри, како и бизнисмени од типот на Лазим Дестани.
Од она што може да се прочита во медиумите на албански јазик, лобито на Мехмети најмногу е сконцентрирано во Вашингтон со обиди за влијание и на политичката ситуација во Косово.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




