Прецизирани здравствените прегледи за вработените
Објавено во: Економија 22 Април, 2013 14:11
Зајакнување на инспекцискиот надзор и прецизирање на опфатот на здравствените прегледи се измените на Законот за безбедност и здравје при работа со кои денеска беа запознати компаниите членки на Сојузот на стопански комори.
- Измените на Законот за безбедност при работа се во две насоки. Со нив ја зацврстуваме контролата, односно одговорноста во насока на спроведувањето на овие одредби од страна на овластените стручни лица. Втората измена се однесува на здравствените установи кои вршат прегледи. Согласно измените се регулира со закон како треба да изгледа постапката и мерките за здравствените установи кои нема да се придржуваат кон спроведувањето на тие подзаконски акти, изјави Агим Шакири, раководител на Секторот за безбедност и здравје при работа во Министерството за труд и социјална политика.
Државниот инспекторат за труд заедно со Државниот санитарен инспекторат ќе вршат засилени контроли дали во пракса доследно се спроведуваат законските одредби.
- Сите измени што се донесуваат се во полза на вработените, така што и со последната измена се зголемуваат прегледите на вработените од секој аспект. Здравствените установи досега имаа обврска да вршат здравствени прегледи, но не со целосно пропишани услови, туку само основни здравствени прегледи. Сега точно е наведено што се треба да содржи прегледот, истакна Слаѓана Андоновска, раководител за безбедност и здравје при работа во Државниот инспекторат за труд.
Од Здружението на безбедност и здравје при работа „28 април“ оценуваат дека измените се во корист и на вработените и на компаниите затоа што секој работник сака да ја знае својата здравствена состојба, а работодавачот да знае со какви работници работи.
Основните здравствени прегледи по вработен чинеа од 800 до 1.000 денари, а прегледите за проценка на ризик на работно место се движеа од 3.000 до 5.000 денари по работно место.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




