20 Декември, 2025
0.0709

Претставени можностите за инвестирање во ТИРЗ пред турски инвеститори

Објавено во: Економија 18 Април, 2013 14:36

Добивај вести на Viber

Турски компании од областа на енергетиката и минералните суровини се заинтерсирани за инвестирање во Македонија. Интересот го покажаа на средбата со министерот за економија Ваљон Сарачини денеска во Истанбул, каде пред стопанственици од Стопанската комора на овој град ги претстави можностите и условите за инвестирање во Македонија.

Министерот Сарачини им ги претстави условите за инвестирање во Технолошко-индустриските зони во Македонија и бенефитите, како и потенцијалите за инвестирање во секторите енергетика и минерални суровини особено металичните минерални суровини бакар, злато, сребро, олово, цинк, манган, железо, како и локациите и можните наоѓалишта во Македонија.

- Промоција на условите и предностите за инвестирање во Македонија пред турските бизнисмени беше една од главните цели на оваа посета. Претставниците на  турските компании од Истанбул покажаа голем интерес за условите за инвестирање во зоните, а како дополнителен адут го сметаат полесниот пристап до пазарите во регионот од Македонија. Очекуваме набрзо и дел од најавите да се конкретизираат, изјави министерот Сарачини по средбата со бизнисмените во Истанбул.

Претставниците на турските компании од Истанбул најголем интерес пројавиле за можностите што ги нудат ТИРЗ во земјава, за што најавено е  продолжување на контактите во оваа насока, како и посета на делегација составена од претставници на Комората на земјава.

Република Македонија и Република Турција имаат добра соработка во областа на економијата, но на средбата беше констатирано дека постојат услови и можности за интензивирање на соработката особено во делот на нови инвестиции и зголемување на соработката помеѓу компаниите од двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба