16 Јануари, 2025
0.0292

Превенција и санкции за помалку пиратерија

Објавено во: Економија 25 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Целосна примена на регулативата за заштита на правата од интелектуална сопственост, санкционирање и зајакнато превентивно делување  од надлежните институции при кршење на тие права,  зголемување на свеста за последиците и заканата по здравјето и безбедноста на потрошувачите од фалсификувани производи.

Тоа се дел од препораките изнесени на 6. годишна конференција „Права од интелектуална сопственост:Заштита и едукација во Македонија“, што се одржа денеска во организација на Американската стопанска комора во Македонија, по повод Денот на интелектуална сопственост - 26 Април.

- За повреда на права од интелектуална сопственост  е предвидена и казна затвор, што значи дека санкцијата се насочува и кон самиот сторител, а не само кон неговиот џеб. Кога некој ќе украде нешто го гледаме како лоша страна, а кога ќе позајмиме текст или песна и не кажеме од каде ни е изворот тоа не го сметаме  за класична кражба. Всушност исти се и двете работи, изјави професор Јадранка Дабовиќ Анастасова.

Според неа, Националната стратегија 2009-2012 поттикнала позитивни насоки во заштитата на правата  од интелектуална сопственост, но на тоа поле ќе мора да се работи постојано.

- Состојбата со правата од интелектуална сопственост за нијанса се  разликува од 2009 година бидејќи се имплементирани сите потребни работи во нашите закони.  Но, останува фактот дека  на правото на интелектуанлна сопственост се гледа  како на одвоен проблем.  Во големиот број стратегии што ги имаме, за развој на туризам, иноваторство, итн,  составен дел треба да има и правото на интелектуална сопственост. Факт е и дека ги немаме толку многу пиратите како во 2009  година, тие ситуации се намалени, но превентивното делување на празаниот  инспекторат, обвинителството, и целокупното правосудство ќе мора да биде посилно. Ако се санкционира тогаш луѓето ќе се повлечат од кршење на правата од интелектуална сопственост, рече Дабовиќ Анастасова.

Позитивно е, посочи, таа што некои од домашните големи компании  го осознале значењето на правата од интелектуална сопстевеност и спроведуваат обуки и изготвуават свои стратегии. - Воедно Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ оснива работна група која ќе направи  програма за развој на правата од интелектуална сопственост на универзитетите. Секаде  во светот е тренд да се спојуават бизнис заедницата, универзитетите и државата, преку правата од интелектуална сопственост да се постигнат економски ефекти, укажа Дабовиќ Анастасова.

Претседателката на работната група за права од интелектуална сопственост на Американсаката стопанска комора Биљана Јанева, оцени дека недостасува спроведување на  донесените голем број закони. Тоа, појасни, е последица на нереализација на основните административни и технички потреби за поддршка кои уште пред пет години беа предвидени во Националната стратегија, како на пример: донесување правила и процедури, институционално инвестирање во ИТ системи, возила за трансфер на запленета роба, формирање посебни организациски единици, наведе Јанева.

Според министерот за економија Ваљон Сарачини, државата постојано инвестира во градење ефикасен систем на заштита, јакнење на капацитетите на институциите и подигање на јавната свест за значењето на правата од интелектуална сопственост и придобивките од нивната заштита. - Денес располагаме со институции, европска легислатива и востановени општествени практики на рамноправна основа, кои се ефективни за справување со глобалните проблеми од оваа област, оцени Сарачани.

Покрај донесените закони за индустриска сопственост и за авторски и сродни права, укажа, формирано е и Координативно тело за интелектуална сопственост, кое има главна улога во борбата против пиратеријата и фалсификатите на индустриската сопственост. Изготвената Национална стратегија за заштита на правата од интелектуалната сопственост и поставените цели и задачи од нејзиниот Акциски план, според Сарачини, придонеле за поддршка на конкурентноста на домашните производи и технологии.

Американската стопанска комора го завршува преводот на наставниот материјал наменет за деца од 9 до 14 години  од Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) кој треба да овозможи воведување на концептот за правата од интелектуална сопственост во училиштата на прифатлив и забавен начин.

Денот на интелектуалната сопственост годинава се одбележува под мотото „Креативноста на новите генерации“.

Можеби ќе ве интересира

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза