ПРЕЗЕМАЊЕТО Е УСПЕШНО: Алта Банка влегува на македонскиот пазар
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2025 13:08
Со 88,0921 проценти од вкупниот број на издадени обични акции од Стопанска Банка А.Д. Битола, Алта Банка и официјално влегува на македонскиот пазар, дознава Фактор.
Според информациите до кои дојдовме, откупени се 344.420 акции од 262 лица, со што преземањето е успешно, а истото го потврдува адвокатот Александар Кралевски, полномошник на Алта Банка.
Алта Банка имаше намера за преземање на Стопанска Банка А.Д. Битола, но постапката запре поради промена на преземачот во рамките на истата групација.
Новото одобрение, Алта Банка го доби на 11 септември годинава, а веднаш потоа, беше објавена и јавната понуда за преземање на акциите.
Александар Тодески
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




