ПРИЈАТНИ ИЗНЕНАДУВАЊА: Посетете го градот, скриен во срцето на Европа …
Објавено во: Стил 02 Септември, 2016
Прага е незаборавен град, скриен во срцето на Европа, познат по производството на најдобрите пива во светот. Но, Прага крие и многу изненадувања кои чекаат да бидат откриени...
Пред да забележите што било друго, во Прага ќе ве пречека уникатно-фасцинантната архитектура, од којашто просто ќе ви застане здивот. Покрај средновековните зданија по кои градот стана препознатлив, тука е и новиот архитектонски бран, кој придонесува со своите ексцентрични скулптури, необични стаклени згради и улични светилки...Следно што пријатно ќе ве изненади во Прага е исклучителната чистота на градот.
Кога на тоа ќе ја додадете и гостопримливоста на локалните жители, ќе воочите дека се работи за едно навистина топло место што ќе ве натера да посакате да останете таму засекогаш.
На крајот, при вашата посета на Прага можеби најпријатно ќе бидете изненадени од музичката сцена. Под ова првенствено мислиме на уличните изведувачи кои ќе ги најдете на секој плоштад, на Карловиот мост, на секоја поважна улица...Не пропуштајте ја можноста да ја посетите магичната Прага и да откриете уште многу скриени тајни.