Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2024
Неофицијално дознаваме дека Соња Бибановска, долгогодишна бизнис партнерска на Доне Таневски водела тајни преговори и одлучила да ги продаде сите нејзини акции во најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“. Доколку се случи ова Доне Таневски ќе остане безгласна буква во одлучувањето со компанијата, а потегот на Бибановска воедно ќе ја девалвира и вредноста на неговите 23,4 отсто акции во компанијата
Соња Бибановска, долгогодишна директорка во „Македонијатурист“ и блиска соработничка на Доне Таневски, претседателот на управата на најголемата хотелиерска компанија, денеска ќе ги продаде сите свои акции (над 50.000) во „Македонијатурист“, дознава „Фактор“ од брокерската заедница.
Станува збор за системска блок трансакција со која Бибановска ќе продаде 11,27 отсто од акциите во „Македонијатурист“ по цена од 11.080 денари за акција. Дали со овој потег на Бибановска му забива нож во грб на својот долгогодишен бизнис партнер Доне Таневски, кој во последните 35 години ја води најголемата македонска хотелиерска компанија?
Акциите, како што дознаваме, ќе ги купат домашни бизнисмени, кои одреден период наназад купуваат акции во „Македонијатурист“ и веќе контролираат над 20 отсто од сите права на глас во таа голема компанија.
Уште поинтригантно е тоа што се шпекулира дека Бибановска всушност во последен момент се предомислила и договорила продажба на акциите без да му соопшти на Таневски.
Сега Таневски е соочен со ризикот во „Македонијатурист“ да има друг најголеми поединечен акционер и Доне Таневски да стане „безгласна буква“ во одлучувањето со најголемата хотелиерска компанија во земајава.
Како на ова ќе одговори Таневски кој важи за долгогодишен успешен бизнисмен допрва ќе видиме. И дали ќе се помири со тоа дека неговата долгогодишна партнерка со овој потег ја деваливра и вредноста на неговите 23,4 отсто акции во таа компанија. Односно во голема мерка ја нарушува неговата преговарачка позиција доколку тој сака да ги продава неговите акции.
Нашите извори велат дека Бибановска паралелно преговарала со две страни кои биле заинтересирани за нејзините акции. И тоа преговарала на начин што со едните декларирала јавно дека постои интерес да ги отуѓи акциите, а со другите преговарала тајно.
Како и да е доколку денеска на Македонската берза помине оваа трансакција во „Македонијатурист“ повеќе ништо нема да биде исто.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.