Добивај вести на Viber
Познатата адвокатка Сузана Јошевска се јави со свој коментар за помилувањето, и воопшто за судскиот систем во земјава.
„Дали сте знаеле дека не постојат никакви, ама апсолутно никакви пишани или утврдени критериуми за помилување надвор од општите во законот? Не постои дури ни анализа на досегашната пракса за да видиме барем кои факти и околности се земале досега предвид при помилувањето или заменувањето на затвор со условна осуда. Анегдотски се раскажува кои се критериумите и како работи системот.
Дали сте знаеле дека комисиите за помилување немаат никаква можност да ги интервјуираат затворениците и да добијат непосреден личен впечаток за нивната можна ресоцијализација?
Се чудиме што ни се случува. Ни се случува тромавост, небрежност, незаинтересираност. Системска неповрзаност. Можеш да направиш 5 прекршоци што повлекуваат одземање на возачка со месеци и секој пат да излезеш на суд и да тврдиш дека ти е првпат. Судијата нема начин како да знае дека веќе имаш три пресуди за одземање дозвола или дека имаш три постапки во тек.
А ние се чудиме. Само си се чудиме и фаќаме сеир. И измислуваме изговори“, пишува таа на својот фејсбук профил.