25 Март, 2025
0.0380

Тендерџии од Кичево го преземаа еден од најпознатите хотели во градот?

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

„Перпарими“ и „Линди“, локални фирми од Кичево познати уште по тоа што се добитници на јавни набавки од оваа општина, минатиот месец регистрирале фирма „Хотел Керчова“ на истата адреса на која се наоѓа „Хотел Кичево“.

Се претпоставува дека нови газди на „Хотел Кичево“, еден од најпознатите хотели во градот и најпопуларен за правење свадби, се Сабит Џабироски и Касум Реџепи, сопствениците на „Перпарими“ и „Линди“. Џабироски и Реџепи се наедно управители на новата фирма со дејност „хотели и слични објекти за сместување“.

Инаку „Хотел Кичево“ важи за угостителски објект кој како подружница е во сопственост на една од најголемите фирми од Кичево - Марготри Груп во сопственост на Горан Трипуноски. Марготри Груп минатата година оствари втора најголема добивка како кичевска фирма во висина од 1.105.000 евра.

Марготри Груп и Трипуноски го поседуваат и хотелот „Голден Вку“ во рамки на комплексот „Парк “ на охридското крајбрежје. Останува отворено прашањето дали на Трипуноски повеќе му одговара други да ги менаџираат угостителските подружници, бидејќи од неодамна компанијата за игри на среќа „Макотен“  се подготвува таму да го отвори казиното „Фламинго“, при што регистрираше рецепција за издавање на хотелски апартмани.

Инаку во работењето на „Перпарими“ основна дејност е изградба на станбени и нестанбени згради, а во делокругот на работа влегува и сепарација за дробен камен. Во името на „Линди“ пак пишува дека фирмата се занимава со градежништво, производство, трговија, сообраќај и угостителство. Џабироски е од Стрелци, додека Реџепи живее во Зајас.

Инаку покрај „Хотел Кичево“, најпознати хотели во овој град се Хотел Арабела, Хотел Унион, Хотел Куќа на уметноста и Атва Резиденс хотел.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ГОДИШНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СЕМЕЈСТВО ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 3.000 ЕВРА: И Швеѓаните бојкотираат маркети

ГОДИШНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СЕМЕЈСТВО ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 3.000 ЕВРА: И Швеѓаните бојкотираат маркети

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ: Работниците ќе добијат 1.812 денари повеќе

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ: Работниците ќе добијат 1.812 денари повеќе

СИРОМАШТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Жените се посиромашни од мажите

СИРОМАШТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Жените се посиромашни од мажите

Мицкоски: Ќе се регулира вработувањето на пензионерите и студентите

Мицкоски: Ќе се регулира вработувањето на пензионерите и студентите

КАКВА ПОРАКА НОСИ ИЗЈАВАТА НА ИРАН? Ако не продаваме нафта ние, нема да продава никој!

КАКВА ПОРАКА НОСИ ИЗЈАВАТА НА ИРАН? Ако не продаваме нафта ние, нема да продава никој!

ДРАМАТИЧНА ПРОМЕНА: Британија ги менува даноците за големите технолошки гиганти - сака да ја избегне „трговската војна“ со Трамп?

ДРАМАТИЧНА ПРОМЕНА: Британија ги менува даноците за големите технолошки гиганти - сака да ја избегне „трговската војна“ со Трамп?

ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ ГРАЃАНИТЕ ОД НЕОЧЕКУВАНИ СМЕТКИ? Се подготвува месечно отчитување на броилата за електрична енергија

ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ ГРАЃАНИТЕ ОД НЕОЧЕКУВАНИ СМЕТКИ? Се подготвува месечно отчитување на броилата за електрична енергија

ОВА СЕ НАЈБРЗО РАСТЕЧКИТЕ ЕКОНОМИИ ВО 2025: Еве кои земји се на првите места

ОВА СЕ НАЈБРЗО РАСТЕЧКИТЕ ЕКОНОМИИ ВО 2025: Еве кои земји се на првите места

СПИСОКОТ Е ПРЕДОЛГ: Еве кои компании во Германија отпуштија работници – и тоа е само почеток

СПИСОКОТ Е ПРЕДОЛГ: Еве кои компании во Германија отпуштија работници – и тоа е само почеток