Пријавени се четириесетина штети од невремето во Скопје
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2023
Четириесетина штети се пријавени од невремето во Скопје.
Невремето во Скопје предизвика оштетувања на покривни конструкции, на повеќе места се паднати дрвја и бандери со кабли, што заедно со поплавените подвозници и делови од сообраќајниците го отежнува сообраќајот и движењето на граѓаните.
Се споделуваат информации за штети во скопските населби Лисиче, Ченто, Драчево, каде паѓаше град, како и за поплавувања на сообраќајници во општините Бутел, Чаир.