Прилеп денеска прави перница за Гинис
Објавено во: Стил 23 Мај, 2013 10:25
Денеска во Прилеп официјално ќе се потврдува најавениот гинисов рекорд во најголема перница на светот.
На плоштадот „Методија Андонов Ченто“, од 13 до 16 часот прилепската компанија за постелнини „Комфи Ангел“ со логистика на локалната самоуправа пред граѓаните ќе ја полни џиновската перница.
Организаторите информираат дека перницата ќе биде најмалку со димензии 17,90 на 17,90 метри и потешка од 5 тони. По полнењето на перницата и официјално ќе се верификува рекордот од гинисов претставник.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





