Прилеп и Кавадарци со висок број на активни случаи на коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Февруари, 2021
Во внатрешноста на Македонија, Прилеп и Кавадарци имаат висок број на активни случаи.
Британскиот сој се шири во земјава. Прилеп сега има 589 активни, а Кавадарци 528, додека во Охрид има 387 активни случаи. Во Неготино има 169 случаи, а во Делчево 188. Пехчево и Македонска Каменица имаат малку случаи, само по 3, додека Дојран има 5 активни.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти, 582 нови и 13 починати. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9 отсто во однос на минатата недела.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.