20 Декември, 2025
0.6331

Прилепска пиварница гази! Во развој вложува 1,2 милиони евра, а ќе има и дивиденда, колкава ќе биде?

Објавено во: Економија 26 Април, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Најголемата домашна пиварница ќе ги награди сите акционери со по 450 денари нето за секоја акција со право на глас. Ова е важна и позитивна вест затоа што за прв пат во три години Прилепска пиварница дели дивиденда. Поважно од дивидендата е тоа што речиси 1,2 милиони евра одат во нови инвестиции за освојување на подобри пазарни позиции

Прилепска пиварница ќе подели 324.000 евра дивиденда на своите акционери. Ова е одлична вест за акционерите на најголемата и најуспешна домашно поседуваа пиварница која за прв пат во последните три години ќе подели дивиденда. Предлогот е објавен на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност и ќе се најде на гласање на редовното собрание на акционери закажано за 25 мај годинава. Ова е одлична вест за домашната инвеститорска заедница која доаѓа во време на низа неизвесности и во услови на отежнато економско работење предизвикано од корона кризата која донесе бројни ограничување од март 2020 година па до сега.

 Предложената бруто дивиденда за секоја акција изнесува 500 денари. Тоа значи дека, доколку биде усвоена, секој акционер – домашно физичко лице, по одбитокот на персоналниот данок, ќе добие по 450 денари за секоја акција што ја поседува во „Прилепска пиварница“. Последната пазарна цена на таа акција изнесува 33.000 денари. Профитот за лани изнесува 1,5 милиони евра.

Но не е најдобрата вест од „Прилепска пиварница“ предлог одлуката за исплата на дивиденда. Оваа успешна домашна компанија одлучи да реинвестира 1,2 милиони евра, од добивката остварена во 2021 година во подобрување на конкурентноста и пазарната позиција, зголемување на асортиманот, подобрување на ефикасноста и намалување на трошоците од своето работење.

Прилепската пиварница важи за една од најуспешните домашно поседувани компании. Нејзиниот приход од продажба лани надмина 27 милиони евра и тоа е резултат остварен во услови на бројни ограничувања предизвикани од корона пандемијата. Оваа прилепска компанија има 117 акционери домашни физички лица кои поседуваат 78 отсто од акциите. Меѓу нив најголеми акционери се братот и сестрата Сашко и Панде Самарџиоски кои поседуваат по 36,3 отсто од акциите. Домашно правно лице со најмногу акции е Приватниот пензиски фонд „Сава“ преку кој стотици илјади вработени лица – идни пензионери поседуваат 9,2 отсто од акциите. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба