„Прилепски свадбари“ – најдобра маска на карневалот во Прилеп
Објавено во: Стил 17 Март, 2013 19:43
Маската „Прилепски свадбари“ на група прилепчани е најдобра и најоригинална на годинашниот меѓународен карневал во Прилеп „Прочка 2013“, одлучи стручното жири кое вечерва ги додели наградите на најдобрите.
Маската „Огнени змејови“ на студиото „Зодијак“ е најдобра во категоријата за традиционални маски, а најдобра современа е „181 гимназиски далматинец“ на учениците од гимназијата „Мирче Ацев“.
Најдобра поединечна карневалска маска е „Фараон и фараонка“. Жирито им додели награда за современа маска „Аватари“ на маскираните од Пробиштип. Во категоријата традиционални детски, најоригинална беше маската „Прилепска фамилија“ на учениците од ОУ „Рампо Левката“.
- Имавме тешка задача. Годинава имаше околу 2.000 маскирани. Маските беа оригинални, добро изработени со сите елементи на традиционалното, на шегата, мајтапот. Оваа година карневалот беше меѓу најдобрите, изјави Ели Милошеска-Луческа, етнолог и член на жирито.
Речиси три часа денеска маските дефилираа на булеварот во центарот на градот. Имаше и многу гости од земјава и од Бугарија, Србија, Албанија, Хрватска, Словенија. Првпат имаше и маскирани учесници од Воден, Грција.
Вечерва сите гости и маскирани ќе бидат на заедничка забава под маски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





