14 Јуни, 2021
0.0170

ПРИНЦОТ ХАРИ СО ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ - Меган сакала да се самоубие, а тој пиел поради неговото семејство

Објавено во: Стил 22 Мај, 2021

Документарната серија „The Me You Can Not See“ во копродукција на принцот Хари со Опра Винфри е очигледно новатa платформа за откривање сочни детали од животот на британското кралско семејство.

Говорејќи за причините за преселбата во САД, Хари јасно призна дека тој и Меган се одлучиле на тој чекор затоа што таа повеќе не можела да поднесе некои работи, а Кралското семејство, какo што тврди Меган, не сакало да и помогне.

„Никој повеќе нема да ме натера да замолчам. Мислев дека семејството ќе ми помогне, но сите мои прашања, барања, предупредувања, ги поздравуваа со целосна тишина и непочитување. Работевме напорно четири години за да успее. Направивме се што е во наша моќ да останеме таму и да продолжиме да ги извршуваме нашите должности. Но, Меган не можеше да се избори со тоа“, рече Хари.

Вели дека чувствувајќи се како заробен во семејството, немал опција да замине. 

„Кога конечно ја донесов одлуката за моето семејство, јавно ми рекоа дека не смеам да заминам. Па, колку лошо треба да биде за нешто да не ми се дозволи? Меган сакаше да се самоубие, до тоа не требаше да дојде“, рече тој, додавајќи дека размислувала за самоубиство во шестиот месец од бременоста со нејзиниот син Арчи, додека во јануари 2019 година возеле кон Ројал Холберт Хол.

Хари го опишува периодот помеѓу 28 и 32 години како кошмар.

„Сакав да пијам, да се дрогирам и да правам други работи што ми помогнаа да чувствувам некои работи помалку. Пиев не затоа што уживав, туку затоа што се обидував да сокријам нешто“, рече Хари, додавајќи дека во тоа време страдал од силни напади на вознемиреност.