18 Мај, 2024
0.4301

Природен рецепт: Со дуњи против брчките на лицето

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Пристигна есента а со неа и жолтите миризливи дуњи. Покрај познатото слатко и џемот, дуњите се покажаа како одличен борец протв брчките на нашето лице.

Начинот на кој се користи ова овошје во борба против брчките и остарен изглед на нашата кожа на лицето е многу едноставен. Земете една дуња (добро би било ако можете да ја најдете непрскана), исечете една кришка од плодот. Измијте го лицето и немојте да ја сушите кожата со крпа. На влажна кожа со помош на кришката од дуњата правете кружни движења околу 15 минути. Постоа оставете кожата да ги прими состојките и малку да мирува (околу 15-20 минути). На крај исплакнете го лицето со студена вода.