20 Декември, 2025
0.3448

Приштина тропна на вратата на Вашингтон-бара крај на трговскиот спор

Објавено во: Балкан 10 Септември, 2013 11:04

Добивај вести на Viber

Повик на надминување на трговскиот спор меѓу Македонија и Косово и брзо повторно воспоставување на слободната трговија меѓу двете земји, упати косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими, пишува DW. -Навистина, навистина се надевам дека ќе направиме неколку чекори назад, да се вратиме на првиот чекор и да решиме да ја почитуваме слободата на трговија и слободата на движење на луѓе и да продолжиме да бидеме добри соседи и пример за многу други балкански земји кои војуваа меѓу себе. Со Македонија, освен етничките тензии од време на време кои се поттикнати од националисти во двете земји, навистина се трудиме да бидеме што е можно повеќе поврзани“, изјави Селими, кој зборуваше во универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Пред американската публика Селими  го претстави и трговскиот спор, велејќи дека Косово решило да воведе ембарго за дел од македонските производи поради македонската одлука со која се оневозможува увоз на косовско жито и брашно во Македонија. Потоа Македонија донела одлука за воведување такса за влез на косовските државјани, за на крај Косово да воведе целосно ембарго за македонските производи. -Македонија е наш најголем трговски и не само трговски партнер. Со Македонија имаме најголем број потпишани билатерални договори, повеќе дури и од за нас братската Албанија или пријателската САД или Турција, во образование, трговија, економија... Трговскиот дефицит кон Македонија ни е 90 проценти. Значи, за секои девет евра кои ние ги трошиме во Македонија, Македонците трошат едно на Косово“, изјави Селими. Косовскиот заменик министер воедно се пожали дека и самиот морал да ја плати давачката за влез во Македонија, за да може да лета од Скопје кон Вашингтон.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација