19 Декември, 2025
0.0802

„ПриватБанк“ стави клуч на филијалите во Донецк и Луганск

Објавено во: Свет 06 Мај, 2014 08:07

Добивај вести на Viber

Најголемата украинска банка - "ПриватБанк", воведува привремени ограничувања на работата на своите филијали во проблематичнитe области на Украина - областите Донецк и Луганск. Ова станува јасно од соопштение објавено на сајтот на финансиска институција. Од размислувања за безбедноста на вработените се запира работата, внесувањето на средства од терминалите за самопослужување и работата на филијалите. Нема сепак ограничувања на пристапот на сметките - преку мобилни апликации или преку филијали во помирните региони на државата. На останатите вработени на "ПриватБанк" им е наложено максимално брзо да ги услужат клиентите од Донецк и Луганск, се вели во соопштението на банката. Одделно од "ПриватБанк" понудиле помош на властите во двете проблематичниот области со заеднички активности за обезбедувањето на банкарската инфраструктура во регионот. Од работата на банката зависи и продолжувањето на нормалниот социјален живот во Донецк и Луганск, велат од "ПриватБанк". Над 400 илјади лица во двете области добиваат пензии во филијалите на банката. Уште 200 илјади други добиваат социјални исплати преку "ПриватБанк". "Во услови на вооружен отпор и масовни комуникации за пљачкосување и вандализам е невозможно да биде обезбедена безбедноста на клиентите и соработниците на банката", се вели уште во соопштението на банката, со што се потсетува дека е прекината работата на филијалите и банкоматите. Во двете области "ПриватБанк" има над илјада банкомати и повеќе од 400 филијали . Во последните денови од судирите во регионот се оштетени 38 банкомати, 24 филијали и 11 автомобили на банката. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела