19 Декември, 2025
0.0509

Приватниот сектор заостанува во однос на платите во државната администрација

Објавено во: Економија 23 Август, 2016 10:49

Добивај вести на Viber

3500 денари помала просечна плата земаат вработените во приватниот сектор споредбено со државните административци.

Последниот извештај на НБРМ покажува забележителни разлики во однос на просечните примања кои ги остваруваат вработените во приватниот (корпоративен сектор) во однос на вработените во државниот сектор.

Дека приватниот сектор каска зад државната администација покажува износот на просечна плата.

18 881 денар изнесувала просечната плата во приватните компании во 2015 додека на државно ниво таа изнесувала околу 22.300 денари.

Тоа значи дека месечна нето-плата кај приватниците лани пораснала  0,8 отсто или 159 денари, што е доста пониско од порастот на просечната нето-плата исплатена на сите вработени во земјата од 2,4 отсто односно 510 денари.

Еконосмките аналитичари укажуваат на политичката неизвесност во земјава која на приватниците не им нуди сигурност па компаниите се воздржуваат од зголемување на примањата на вработените.

Се спрема нов ребаланс на Буџетот, Владата ќе ги зголемува платите на администрацијата

Владата планира да ги зголемува и платите и дневниците за администрацијата со новиот ребаланс на буџетот за кој наскоро ќе се расправа во Собранието.

Имено,ќе има прераспределба на буџетските расходи за околу 32 милиони евра, колку што треба да им се исплатат на оштетените, а покрај тоа во предлогот за ребаланс на буџетот може да се забележи дека Владата врши и зголемување на парите наменети за исплата на платите во администрацијата, на ставката за патни и дневни расходи, како и кај привремените вработувања. Кај основните плати предвидено е зголемување од 8.659.000 денари, кај патните и дневни расходи 37.578.000 денари и кај привремените вработувања 8.731.000 денари, или вкупно 54.968.000 денари, што е околу 900.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба