Приватното земјиште во Бардовци било скапо за Филипче
Објавено во: Економија 09 Октомври, 2018 14:45
Седум месеци по мартовската најава дека кај село Бардовци ќе се гради новиот Клинички центар, здравствените власти заклучиле дека приватните земјишни парцели се прескапи за откупување поради што ќе треба да се определи нова локација. Навестувањето дека ќе се бара нова локација за ваков капитален објект вчера го даде министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека финансиските пресметки ги менуваат нивните планови.
– Работна група разгледува и други локации, но во тој предел, овде ќе требаше да потрошиме многу пари што е без потреба трошок, рече министерот Филипче.
Според информациите, новата локација сега се бара во атарот на село Злокуќани, блиску до скопската Обиколница, каде целото земјиште е во државна сопственост. Но и ова не е дефинитивно решение.
Инаку, во март годинава на прес-конференцијата токму министерот Филипче најави дека Клиничкиот центар ќе се дислоцира во населбата Бардовци во близина на Психијатриската болница. Одлуката била донесена по препораките на стручната јавност и предлогот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




