Добивај вести на Viber
Докторот Рен Сјаопинг заедно со неговиот италијански колега Серџо Канаверо се потготвуваат да го направат првото пресадување на глава во Кина.
Тие велат дека се се одвива според планот, операцијата ќе биде направена до 2017 година.
Триесетгодишниот Рус Валериј Спиридонов од Русија е првиот и единствен довроволец кој се пријавил на експериментот. Тој пати од Вердинг-Хофманова болест поради што целото тело му е неподвижно.
“Дали ми е страв? Секако дека ми е страв. Многу е страшно, но во исто време е и многу интересно “, изјави Спиридонов пред руски медиуми. “Треба да се разбере дека немам многу опции. Ако не ја искористам оваа шанса, судбината ќе ми биде многу тажна, бидејќи со секоја измината година моето здравје се влошува “, изјави Спиридинов во едно интервју за руски медиум.
Докторот Рен рече дека операцијата ќе ја прави на Медицинскиот универзитет во Харбин, но одби да одговори од каде ќе најде тело на кое ќе ја пресади главата на Рус.
Тој истакнаа дека ако сепак се помине добро, слична трансплантација нема да се прави само ако даден пациент не го сака своето тело и сака ново. Ако операцијата е успешна, таа ќе се применува само на луѓе болни од тешки дегенеративни болести, така што главата им ќе биде трансплантирана на здраво тело од пациент во мозочна смрт.