Признание за Велес и Струмица – станаа општини со поволно деловно опкружување
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013 19:26
4 македонски општини успешно го поминаа процесот на сертификација во рамки на проектот Сертификација со поволно деловно опкружување во ЈИЕ. Штип, Струмица, Струга и Велес беа вклучени како пилот општини во проектот. Велес и Струмица денеска го добија сертификатот за поволно деловно опкружување од националната конференција што ја организира Сојузот на стопански комори (ССК) во партнерство со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на ЗЕЛС.
„Овој сертификат претставува потврда дека општината се стекнала со сите предуслови кои претставуваат одредена гаранција за инвеститорот дека ќе добие ефикасна и ефективна услуга од општинската амдинистрација. Тој претставува печат дека општината исполнила одредени стандарди за имиџ на сериозна бизнис дестинација што дава одредена сигурност на потенцијалните инвеститори за добивање квалитетни услуги, информации и натамошна поддршка од локалната власт при развивање на нивниот бизнис“, рече скопскиот градоначалник и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски.
Главна цел на проектот е да ја развие регионалната соработка за подобрување на ефикасноста на општините во растечката меѓународна конкуренција во економскиот сектор. Проектот е поддржан од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Подобрување на општинските услуги при Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), финансиран од германското Сојузно министерство за соработка и развој.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




