ПРОДАНОВСКИ, ШУКРОВА, НИКОЛОВСКИ не поминаа кај ДИК: СДПМ доби „аут“ за дублерските листи
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2016
Државната изборна комисија реши целосно да ги отфрли кандидатските листи на партијата на Бранко Јаневски со така наречените двојници, чии имиња беа речиси идентични од кандидатите за пратенци на СДСМ .
Тоа значи дека Стево Продановски нема да му биде противкандидат на Стево Пендаровски во „единициата“, а ниту Љупчо Николовски од СДПМ на Љупчо Николовски од СДСМ.
Овие две листи предизвикаа намногу дискусија и сомневања во ДИК дека станува збор за обид да се измамат гласачите поради сличноста во имињата и презимињата на кандидатите, за што партиајта беше сомничена и на поранешни избори.
На листата на СДПМ се најде и името на Рада Шукарова но сега и таа нема да и биде противкандидат на Радмила Шеќеринска.
На овие листи ДИК констатираше неправилности во шесте изборни единици .
Кај поголем број кандидати било откриено дека нема датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник, и оти не може да се види за кои избори се поднесуваат. Уврдено било, исто така, и дека потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.