26 Април, 2024
0.1218

Продавам дијаманти и фотографирам познати манекенки: Вики Китанов за работата и животот во Мајами, Америка

Објавено во: Стил 08 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Желбата за нови докажувања во професијата и за реализација на своите способности во други сфери, била причина Вики Китанов, пред пет години да се пресели  во  Мајами,  Америка. По професија е шеф и во почетокот работела во елитен ресторан.

- Мајами е туристичко место, најмногу има ресторани и хотели. Животот во овој град е преубав, има туристи од цел свет. Мајами има неколку топ локации кои задолжително треба да се посетат. Тоа се Majami beach, ocean drive, winwud, district dizajn, куќата на Версаче, музеи, аквариуми. Посетив многу градови во САД, но Мајами не би го менувала за ниту еден од нив.Токму поради начинот на живот. Топло е и одиме на плажа во текот на целата година. Градот е отворен 24/7 и има забави на секој чекор – вели Китанов на почетокот од нашиот разговор.

Сепак, ковид пандемијата оставила големи последици и на овој туристички град. Мерките биле неизбежни, се затвориле рестораните, плажите, парковите.

- Тоа траеше многу кратко. По само две недели се отворија рестораните, после тоа сѐ функционираше како и порано, без никакви рестрикции, за разлика од многу градови, кои беа затворени, а еден од нив беше и Њујорк. Поради тоа многу луѓе се преселија во Мајами и рентата значително се зголеми, речиси дупло. Исто така порасна цената на недвижностите. Тоа беше причина да побарам втора работа, „par time“, зашто имав два слободни дена во неделата. Почнав да работам во една фирма „Kosa diamonds“ за продажба на накит и дијаманти. Интересно е тоа што за време на короната и цената на дијамантите значително порасна, а исто така и продажбата. Поради тоа почнав да работам цело работно време и се откажав од ангажманот во ресторанот. Доволно добро заработував од продажбата, а имав и бонуси – открива таа.

Продажбата на дијаманти е и исклучително одговорна работа, со која се занимаваат само луѓе кои ќе стекнат голема доверба кај сопствениците. Потребно е и големо познавање за производите. Вики открива дел од тајните на овој скапоцен камен привлечен особено за жените.

Работата со дијаманти ѝ отворила можност да почне да се занимава и со друга професија – фотографија.

Прочитајте повеќе на „Женски магазин“

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти