Продавница работи 24 часа без ниту еден работник
Објавено во: Економија 01 Март, 2016 19:35
Роберт Илијасон со уникатна идеја успеал да профитира во Шведска. Тој е сопственик на единствената продавница во градчето Викен, која работи 24 часа, а нема ниту еден вработен.
Во неа целата купопродажба се одвива преку апликација на телефон, на која купувачите го впишуваат кодот од производот што го зеле, а потоа им стигнува сметка за наплата.
Па така, во продавницата не мора да има ниту еден вработен, освен некој што ќе ги реди рафтовите, а тоа го прави самиот сопственик.
Роберт вели дека нема проблеми со грабежи, бидејќи крадците немаат интерес за неговата продавница, затоа што таму нема кеш пари, нема алкохол, цигари и лекови, туку само леб, млеко, храна за бебиња, пелени и слично, а секако, постојат и камери кои снимаат.
Доколку вратата остане отворена поголдо од осум секунди се вклучува аларм кај него, а тој бидејќи живее блиску оди до таму и доколку има потреба повикува полиција.
Најголем проблем со продавницата можеби имаат постарите кои не се многу искусни со новите технологии, па Илијасон размислува да вработи еден човек кој дневно би поминувал по неколку часа во продавницата за да им обајсни на сите како се користи апликацијата за купување.
„Мојата амбиција е да ја проширам оваа идеја во другите села и мали градови“, вели Илијасон. „Неверојатно е што ова не му текнало никому претходно“.
Се надева дека заштедата што нема вработени ќе помогне да се отворат повеќе мали продавнички во селата. Во последните децении, таквите продавници биле заменети со поголеми супермаркети, кои често се наоѓаат на неколку километри оддалеченост.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




