Продажба и закуп на државен деловен простор по електронски пат
Објавено во: Економија 10 Мај, 2013 12:36
Преку електронска аукција ќе се продава и дава под закуп деловниот простор во државна сопственост.
Новото софтверско решение изготвено за таа намена го презентира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, истакнувајќи дека системот овозможува целиот циклус од аплицирање до продажба или издавање под закуп на деловниот простор да се врши по електронски пат.
За продажба и издавање под закуп на деловниот простор институциите треба да добијат одобрување од Владата.
Министерот за транспорт појасни дека електронското јавно наддавање ќе трае најмалку 15 минути и ќе се продолжува за две минути секогаш кога во последните две минути од наддавањето ќе има нова понуда. За да можат да наддаваат заинтересираните треба да бидат најавени на системот во тек на јавното наддавање. Секој учесник во наддавањето ќе ги гледа сите понуди, но со кодирани имиња на другите наддавачи. Процесот ќе заврши кога во последните две минути од наддавањето ќе нема нова понуда.
- Придобивките од воведувањето на електронскиот систем се повеќекратни и за граѓаните и за институциите. Ќе се засили транспарентноста, се поедноставува добивањето информации и нотификации за целиот тек на продажба и издавање под закуп на деловен простор, а се обезбедува и анонимност на учесниците во електронската аукција во тек на наддавањето, појасни Јанакиески.
- Со ова ќе се зголеми ефикасноста во работењето и ќе се подобри контролата на целиот процес, истакна министерот за транспорт.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




