19 Декември, 2025
0.0349

Продажбата на автомобили во криза! Каде оди светската автоиндустрија?

Објавено во: Свет 09 Март, 2013 19:10

Добивај вести на Viber

Во автомобилскиот свет кружи парадокс дека никогаш до сега автомобилите не биле поубави, поевтини и подобри и дека купувачите како никогаш досега не биле толку исплашени нерешителни и сиромашни, пренесува Б92. Центарот на проблемите е Европа каде што многу фабрики како резултат на лошата продажба планираат долги принудни одмори за вработените и ја менуваат стратегијата за пазарен раст и развој. Пред самото отварање на саемот за автомобили во Женева, светот го заобиколи веста дека оваа година околу 75.000 луѓе кои работат во производство и продажба на автомобили ќе ја изгубат работата и дека продажбата на автомобили ќе се намали за една петтина. Подобар биланс очекува Кина, Индија и Русија, додека Европа очекува пад на продажбата и до 20%. „На почетокот се базиравме на пазарот во Европа, меѓутоа во меѓувреме свативме дека од тоа неможе да се преживее и решивме новите модели веднаш да ги пласираме на пазарите во Кина и во Бразил. Развојот на автомобили е скап, за профитот е многу мал ако серијата не е голема“ вели Пјер Етјен од Пежо. Намалувањето на бројот на вработени во европската aвтоиндустрија с еочекува во фабриките во Шпанија, Португалија и Италија. Најголемите проблеми кај производителите на автомобили ќе дојдат доколу намалените рпиходи од продажба го запрат развојот на целата индустриска гранка. „До крајот на годината планираме да промовираме два нови модели, а до 2015 година дури девет. Развојот чини околу половина милијарда евра, ние немаме од каде да го финансираме освен од продажна. Без нови модели вие сте мртви на пазарот“ вели Збињек Старшкраба од Шкода. Најдобро на пазарот во моментов стојат трите големи германски групции Мерцедес, БМВ и Фолксваген кои произведуваат две третини од вкупниот број на автомобили во Европа, Оние се и најголеми извозници , псоебно во Кина  и САД. Нивните амбиции растат, така што помалку од тоа неможат да се адеваат, сметаат аналитичарите. Тие предвидуваат дека до 2020 година ќе постојат четири најголеми корпорации кои ќе произведуваат автомобили за цел свет.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела