17 Мај, 2024
0.3007

Продажбата на Еурокомпозит е одложена зошто се чека купувачот да формира фирма во САД?!

Објавено во: Економија 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Американска, Хрватска, Турска и компанија која е во фаза на основање од страна на две физички лица во Америка се заинтересирани за купување на Еурокомпозит. Секоја треба да плати по 1.000 евра за ја да подигне тендерската документација за прилепскиот загубар.

Нови 30 дена Владата му дава на еден од потенцијалните инвеститори во прилепскиот загубар Еурокмпозит за да основа фирма и да се јави на тендерот. Американска, Хрватска, Турска и компанија која е во фаза на основање од страна на две физички лица во Америка се заинтересирани за купување на Еурокомпозит.

Иако рокот за доставување на понуди за купување на Еурокомпозит од Прилеп беше 20 септември, сепак, Владата по барање на еден од можните купувачи го продолжи рокот за уште еден месец.

“На барање на една од компаниите, рокот за подигнување на документацијата се одложи со цел завршување на постапките за формирање на друштво за оваа намена. Сите четири компании се известени за одложувањето на рокот за доставување на понуди“,  изјавија од Министерството за економија за Фактор. Пред повеќе од еден месец хрватскиот инвеститор од Славонски Брод, Ѓуро Ѓаковиќ беше заинтересиран за прилепскиот загубар, но не успеа да достави понуда за тендерот во предвидениот рок. Од Владата побарале продолжување на рокот за доставување на понуди, но Владата тогаш не прифати, па го распиша новиот тендер.

“Во претходната постапка за продажба на акциите на Република Македонија во 11 Октомври Еурокомпозит, една хрватска компанија подигна тендерска документација, но не достави понуда, бидејќи кратки беа роковите за да ја подготви понудата, поради што бараа одложување на роковите. Одложувањето на јавниот повик не се направи, но се објави нов јавен повик за прибирање на понуди за продажба на аакциите на Еурокомпозит на почетокот од август“, објаснија за Фактор од Министерството.

Сега крајот на октомври годинава е новиот рок до кога заинтересираните инвеститори за Еурокомпозит треба да достават понуди.

Според информациите во тендерот, овој загубар ќе се продава со 373 вработени и со сите 3.708.038 акции сопственост на државата. Заинтересираните инвеститори треба да платата по 1.000 евра за да ја подигнат тендерската документација од Министерството за економија.

“За учество на тендерот ќе треба да се достави банкарска гаранција од 68.000 евра, бонитет за последните 3 години од по 2 милиони евра, програма за дополнителни инвестиции кои треба да ги реализира инвеститорот во период од 3 години, при што ќе се задржат на работа сите вработени. Дејноста на производството не смее да се менува“, стои во тендерот.

Македонската Берза се уште не нуди информации за тоа како Еурокомпозит ги заврши првите два квартали од годинава. К.П

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА