20 Декември, 2025
0.0406

Продолжуваат убиствата на бизнисмени во Албанија, застрелани уште две лица

Објавено во: Балкан 02 Септември, 2013 19:35

Добивај вести на Viber

Откако пред два дена беше убиен сопственик на казино во Тирана, Албанија денеска ја потресе веста за уште две убиства на познати бизнисмени. Како што јави МИА, првото убиство се случило утрово во Драч. Две маскирани лица кои биле на мотор, со четири истрели од огнено оружје го убиле 40-годишниот сопственик на градежната фирма Плауренд Цани, по што веднаш избегале. Бизнисменот бил погоден додека пиел утринско кафе со вработените во кафуле близу објектот што го градела неговата фирма. Околу пладне се случило уште едно убиство кога  во центарот на рударското градче Булќиза, неидентификувани лица пукале во 40-годишниот Ќерим Марку, сопственик на фирма за преработка на хром. Како што пишуваат албанските медиуми, најверојатно станува збор за расчистување сметки поради бизнис конкуренција. Веќе се стравува дека овие убиства се дел од серијата напади чија цел се познати бизнисмени.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација