15 Мај, 2024
0.0269

Пред почетокот на новата грејна сезона

Продолжува акцијата на БЕГ за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија

Објавено во: Мои пари 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

До 15. септември 2018 година, Снабдување со топлина Балкан Енерџи нуди можност за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија, продолжувајќи ја акцијата за бесплатен приклучок од претходните грејни сезони.

Акцијата за приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а ќе важи за сите заинтересирани корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија. Во минатогодишната акција од сличен карактер, можноста за бесплатно приклучување ја искористија близу 3000 корисници. Со новото намалување на цената на топлинската енергија за новата грејна сезона 2018/2019 од 3,1 отсто, се очекува интересот за приклучување на системот на централно греење со топлинска енергија да се зголеми.

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 15-ти септември, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан енерџи. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200.

Релеватните показатели говорат дека користењето на топлинската енергија од системот за централно греење нуди најголем конфор за корисниците и истовремено значително е поисплатливо од другите начини на греење. Благодарение на континуираните вложувања кои значително ја зголемија ефикасноста и заштедите во системот, цената на топлинската енергија за корисниците на БЕГ, во периодот од 2013-та, од кога БЕГ ги поседува лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со толинска енергија, до денеска, вкупно е намалена од 33% до 66%, во зависност од категоријата на потрошувачи. Заинтересираните граѓани можат и лично да се уверат во исплатливноста и предностите на овој систем преку калкулаторот за потрoшувачка на топлинска енергија, поставен на интернет страницата наСнабдување со топлина Балкан Енерџи (www.beg-snabduvanje.com.mk) кој овозможува секој потрошувач да направи индикативна пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење.

Покрај индивидуалните придобивки за корисниците, со приклучување на што поголем број потрошувачи кон системот за централно греење се придонесува и за намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје, особено изразено за време на грејната сезона, бидејќи централниот градски систем за греење користи природен гас како гориво, задоволувајќи ги највисоките еколошки стандарди.

Поволностите од оваа акција важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите. Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува согласно ценовникот на БЕГ. По 15-ти септември, а заклучно со 30-ти септември, за повторното приклучување корисниците ќе плаќаат 50% од предвидените трошоци за оваа услуга, а од 1-ви октомври, повторното приклучување ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје