15 Мај, 2024
0.0280

Продуктивноста е најдобриот извор на среќата!

Објавено во: Колумни 08 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Ех, да се врати времето, и да не беше се како што беше, најверојатно ќе постапев поинаку. Да имав малку повеќе среќа ќе најдев подобра работа! Да се родев на друго место, повеќе ќе ме ценеа, и којзнае колку ќе заработував, и колку ќе напредував во мојата кариера. Сигурно повеќето од нас си ги поставуваат овие прашања. Да имам плата како на запад, а да живеам во Македонија! А по секое патување во странство, импресионирани од она што сме го виделе, веднаш  критички сме настроени кон домашното. Да си признаеме! Повеќето од нас,  негативно сме настроени кон се околу себе , и сите ни се криви. Шампиони сме по “жалопојки“.  Да, некогаш е корисно да се пожалиш, но не е добро ако тоа е тенденција, и тоа ако често го практикуваме. Сведоци сме дека особено многу се губи време во разговори за политика, за небитни работи, за она што поминало. Кој што рекол, што направил и така со денови. Мислам дека овој народ е опседнат со политика. На крајот на денот која е добивката од тоа? Ако не шампиони, тогаш сме сигурно вицешампиони по опседнатост со минатото. Се будиме наутро и го мислиме тоа што се случило вчера, завчера, го прераскажуваме, коментираме, наместо да се насочиме кон она што ќе го правиме денес, утре. Ни фали конструктивност, ни фали практичност, ни фали позитивна мисла! А животот е краток, и пред се многу едноставен. Кога ќе видиш нешто убаво, да не те обвие зависта, туку напротив да посакаш да направиш подобро и поубаво. Треба да се работи, треба да се посака. Да им посакаме шампионска титула на ракометарите на европското првенство во Данска. Некој ќе рече, епа не можеме! Не е точно, сигурно дека можеме, само треба повеќе да се потрудиме. Ако досега сме правеле 20 стомачни вежби, утре да направиме 30, да истрчаме повеќе, да си го вратиме духот и младоста, резултати сигурно ќе дојдат. Неодамна седев со еден пријател, кој е опседнат со фудбалот, и кој искрено ме убедуваше дека ако денес почне да тренира 50 дечиња на десет годишна возраст, за десет години од нив ќе има репрезентација која ќе игра на светско првенство. Сето тоа ми звучеше илузорно, нереално, далечно...но неговата енергија и порака беше силна, односно дека се е можно, важен е пристапот. Не е страшно да згрешиш, да изгубиш, лошо е ако не се обидеш, тогаш имаш грижа на совест дека не си успеал, и тоа ќе те јаде и нервира долго време. Затоа почни од денес, направи нешто, биди најдобар во она што го правиш. Награда сигурно ќе дојде! Упорноста е неопходна за успех. Треба човек само да се реши. Она што е добро да го поддржиме и негуваме, а лошото постојано да го менуваме. Не заборавете, продуктивноста е најсигурниот извор на среќата! Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка