27 Април, 2024
0.0265

Професии кои ќе бидат добро платени

Објавено во: Стил 11 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Банкари, брокери и адвокати професии кои секогаш асоцираат на добра заработка, но во иднина  тие работни места повеќе нема да бидат во мода, пишува Нови магазин.

Експертите тврдат дека ќе треба да се сврти нов лист и своите способности да се усогласат со времето.

Бабите, дедовците и родителите треба да ги променат советите кои ги даваат на младите кога се работи за дејности на кои во иднина најмногу ќе се заработува. Експертите предупредуваат дека би било погрешно да се претпостави дека занимањата кои денес се најдобро платени, како адвокати, банкари и брокери и во иднина ќе донесуваат исто пари.

Во идните 10 до 20 години големи се шансите дека дејностите кои денес ги работиме ќе бидат многу поинакви. Занимањата кои денес не постојат како вертикален фармер или лица кои произведуваат делови од телото, може да бидат модерни занимања како што се тоа денес на пример консултанти за медиуми.

Нега на стари лица и вертикални фармери

- Британската популација старее, па на таа стара популација ќе и треба поинаква здравствена нега – тврди водечкиот футуролот Џејмс Белини, додавајќи дека можеби ќе бидат потребни консултанти за стари лица, кои ќе специјализираат за лична нега за стари пациенти. Исто така тој гледа големи промени во земјоделието, во кое веќе сега се гледа недостиг на извори за храна, а во кое генетски модифицираните производи ќе станат вообичаени, исто како и вертикалното одгледување на храна со кое би се заштедило на просторот.

Футурологот Иан Пирсон пак тврди дека со се побрзиот развој на компјутерите, луѓето во трка за работа ќе мораат пред се да ги изострат своите човечки способности. – Кога компјутерите ќе станат интелигентни, работата која луѓето ќе ја преземат ќе бара особини како што се лидерство, мотивација и сочувство – смета Пирсон.

Футурологот и деловен психолог Катен Малони се согласува со него и истакнува дека светот луѓето ќе ги подели на тие кои се разбираат во технологија и тие кои не се разбираат во неа.

Селење од компанија во компанија и едукација

- Тие кои знаат да програмираат ќе го креираат светот во кој живееме, така мислам дека треба да се свртиме кон таа дејност – вели Малони, наведувајќи ги имињата на занимањата како што се хаптички програмер, т.е. лице кое ја користи науката за да развие производи и сервиси.

Џејмс Каландер, директор во компанијата ФрешМајндс и економистот Марк Бетсон од Институтот за персонал и развој, се согласуваат дека деловниот век на еден работник во една компанија во иднина ќе биде уште покус од што е денес и дека ќе биде исклучително ретко некој во една компанија да работи цел живот. Марк Бетсон притоа истакна дека за работа ќе биде неопходно образование, но и желба за понатамошно учење.

Листа на најдобро платени дејности во иднина

И на крај еве ја листата на дејности кои во иднина треба да бидат најдобро платени, а кои произлегоа од анализи на експертите.

1. Дигитален архитект, кој ќе дизајнира виртуелни згради за пропагандни пораки. 2. Нега на стари лица во нивните домови. 3. Консултант за нега на стари лица специјализиран за лична нега. 4. Лица за производство на делови од телото за атлетичари и војници. 5. Вертикален фармер, кој посевите ќе ги сее вертикално за да заштеди на простор. 6. Контролор на климата, т.е. лице кое ќе управува и ќе ги менува светските климатски прилики. 7. Лице за дизајнирање и управување со холограми на виртуелни луѓе. 8. Брокер за времето, кое ќе управува со вашето вишок време кое ќе можете да го понудите на некого во замена за пари или некоја друга стока. 9. Личен менаџер за брендови, кои ќе ги развива и ќе управува со вашиот личен бренд. 10. Хаптички програмер, кој ја користи науката за развој на производи.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти