Професии штетни за вашиот сексуален живот
Објавено во: Стил 16 Октомври, 2013 09:25
Во интервјуто за “eFinancialCareers” ги истакнал двата основно проблеми на кои се жалат банкарите.
„Првиот проблем е ерективна дисфункција и отсуство на ерекција, а другата е прераната ејакулација. Двата симптоми се чести кај мажите кои работат во банкарството. Самата природа на работата на банкарите е таква што ги прави анксиозни, често депресивни, полни со бес и омраза. Што се однесува на жените, тие ја губат женственоста‘‘ кажува сексуалниот терaпвет, кој до сега го посетиле илијадници луѓе со надеж дека ќе им помогне.
На прашањето каква е ситуацијата со лекарите и адвокатите, со оглед дека нивната работа е стресна, тој вели дека, судејки според неговото десегашно искуство, адвокатите водат кога е во прашање лошиот сексуален живот, а по нив следат оние кои се занимаваат со финансии.
„Овие работни места бараат голема ментална активност во споредба со телото кое „седи и ништо не прави‘‘ се зборовите на Лосада. „За почеток, ова е основниот проблем на деловните луѓе за нивниот лош сексуален живот.‘‘
Според него, жените не би трбло да се откажат од работата за поквалитетен сексуален живот. Тој ги советува жените на крајот од работниот ден, пред да ја напуштат канцеларијата, да ја остават својата машка страна зад вратата.
„Силните жени бараат силен маж (кога се мисли силен не се мисли на Тарзан), кој ќе ја натера да се почувствува женствено и оној кој ја пронашол смислата за живот. Силата и статусот-тоа не е исто. Ако ги изедначувате овие поими, ќе имате многу проблеми, а пред се, тоа лошо ќе се одрази врз сексот‘‘ - советува Лосада.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





