Професор Дуртаноски на Сиљановска-Давкова ѝ врачи копија од Привилегијата издадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2025 18:36
Професор Георги Гоце Дуртаноски, експерт за христијанска палеографија, денеска ѝ врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова копија од Привилегијата издадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена. Тој беше гостин во нејзиниот кабинет.
Со овој документ, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство.
Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис, проф. Дуртаноски, говореше за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет. Дуртаноски посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија, со којшто раководи.
Сиљановска-Давкова изрази почит кон неговата успешна работа во Летонија, кадешто Дуртаноски предава христијанска палеографија, како и кон ангажманот ширум Европа.
„Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување“, додаде претседателката.
Претседателката Силјановска-Давкова и професор Дуртаноски ја нагласија важноста и ефикасноста на културната дипломатија, особено за малите држави.
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




