30 Ноември, 2024
0.0301

Професор стана претприемач за да го промовира производот кој го бара македонскиот пазар

Објавено во: Економија 14 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Професорот Владимир Ивановски од Природно-математичкиот факултет во Скопје мора да биде и претприемач за да го пласира на македонскиот пазар својот производ „Витрум Гард“ од кој многумина имат потреба бидејќи не сакаат појава на бигор по стаклените површини на нивните бањи.

Професорот по Радиохемија и Физичка хемија има свој „македонски изум“ од кој водата буквално бега од стаклото. . Ивановски го изведе малиот показен експеримент пред „Фактор“ со две обични и мали стаклени површини во форма на правоаголник, од кои на едното беше нанесено средството, а на другото не. Истовремено беа извлечени од сад полн со вода и додека на првото немаше никаква трага, на второто се уште се разлеваа капките преку истото.

Станува збор за невидлива нано-технологија од слој од само 80 нанометри кој не се гледа со голо око, а произлегува од долгогодишно комбинирано изучување на спектроскопијата и хемијата.

- Јас бев подготвен да го понудам овој пронајдок на претпријатијата, но од него потреба имаа само крајните потрошувачи, односно купувачите. Затоа одлучив да бидам и претприемач бидејќи не сакав да остане како научен труд во лабораторија, туку да си најде своја верификација и на пазарот, што мене ми претставува големо лично задоволство. Решив да превземам се во мои раце и јас лично да ги туркам оние фази до крајните потрошувачи и сам да се грижам на пример за рекламирањето и дистрибуцијата. Мојата замисла е тоа да биде корисно и видливо за широките маси и моето знаење да се имплементира на полица во маркет. Тоа ми беше движечка сила - вели Ивановски.

Ивановски е професор со над 40 научни трудови со импакт фактор, а своевремено бил стипендист на фондацијата „Александар фон Хумболт“, која е позната по тоа што стипендира  научници од целиот свет.

На постдокторски студии заминува  во 2006-та година во германскиот град Јена, каде се занимава со инфрацрвена спектроскопија на кристали, а потоа пет години имал заеднички проект со  универзитетот во Лајпциг финансиран од фондацијата Александар фон Хумболт каде што изучувал како се менуваат својствата на  материјали слични по состав на стаклото со хемиска модификација на нивната површина. Таму работел заедно со доцентот од ПМФ, Миха Буклески.

- Во Германија на професорите работа им е главно да се занимаваат со наука и  резултатите да ги прикажуваат низ  пишување научни статии, кои секако ќе наидат и на комерцијална примена, додека во Македонија јас сум принуден да бидам и претприемач и да произведувам - тврди Ивановски.

Вели дека користењето на „Витрум Гард“ е многу едноставно и практично и затоа може да наиде на масовна примена.

- Се нанесува со прскање, а потоа со најлонска кеса се размачкува по стаклената површина и на крај се брише со мокра и сува крпа. Важно е и тоа што водата буквално бега од стаклото, воопшто не е масно и како плус се нафаќа помалку прашина. Доколку сте го нанеле вчера, својствата ќе се задржат и денес, односно имаат долга трајност. Едно нанесување трае две недели  - тврди Ивановски.

Две години работел на финалниот производ за да се пронајде соодветната рецептура, за што му помогнале и дипломци од Институтот по хемија. Вели дека предноста над другите средства е  што не ја заматува стаклената површина.


Започнал со комерцијаниот дел од работата така што регистрирал стартап претпријатие на 1 февруари годинава и започнал да се рекламира „герилски“ преку Фејсбук. Веднаш го почувствувал интересот кај клиентите, кои директно контактирале со него за да дојдат до неговиот пронајдок. Се јавувале и од други градови и го барале по пратка. На почетокот го давал бесплатно за да увиди дали има реална потреба од производот на пазарот.

- Направив договор за соработка со ПМФ и започнав со бавно вложување. Можев тоа да го направам побргу, преку Фондот за иновации и технолошки развој, но решив да делувам понезависно. Веќе сме двајца професори од ПМФ со свој стартап - наведе тој.

Неговите производи се продаваат во маркетите „Меркур“, на самиот факултет и во „Дисконт М“ во Аеродором по цена од 230 денари. 

- Упорно го презентирам пред комерцијалистите откако ќе ме примат и праќам електронска пошта кај други маркети, од каде што чекам одговор. Бев и на саемот „Технома 2018“ и очекувам во иднина да биде уште повеќе продаван - додава хемичарот.

Александар Кузмановски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ДОЛГ КАКО ГРЦИЈА: Која европска земја се изедначи со јужниот сосед?

ИМААТ ДОЛГ КАКО ГРЦИЈА: Која европска земја се изедначи со јужниот сосед?

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД - авион кој леташе за Подгорица се судри со јато птици, ова е исходот

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

ОД ЈАЈЦАТА ПА СЕ ДО МЕСОТО - нема производ без повисока цена

ОД ЈАЈЦАТА ПА СЕ ДО МЕСОТО - нема производ без повисока цена

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ - еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ - еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

ПЛАТИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ: „Магна Мирорс“ и „Дура Аутомотиве“ со најдоброплатени работници

ПЛАТИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ: „Магна Мирорс“ и „Дура Аутомотиве“ со најдоброплатени работници

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: Завршија градежните активности на трасата Страцин - Крива Паланка

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: Завршија градежните активности на трасата Страцин - Крива Паланка