19 Мај, 2024
0.0274

Професори со остра реакција: Бараат Шилегов да го запре отстранувањето на зеленилото од градот

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Професори и асистенти од Факултетот за шумарски науки ја осудуваат акцијата на отстранување на жарданериското зеленило на неколку поголеми потези долж булеварот Александар Македонски (од хотел Континентал до раскрсницата со улицата 16- та Македонска бригада), како и моментното искорнување на зеленило на булевар Гоце Делчев, поточно во близина на раскрсницата на влезот во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ и зградата на МРТВ.

Нивната реакција ја прнесоа и еколошките здруженија. Според стручните лица жарданериското зеленило сместено во просторот меѓу двете насоки на поголемите булевари во Скопје (Партизански одреди, Гоце Делчев, Александар Македонски) е еден од најуспешните примери за озеленување низ севкупното зеленило на Скопје. Освен естетски придобивки, заради кои е убав белег на Скопје, ова зеленило исполнувало и ред други важни функции односно намалување бучава, намалување на ефектот на урбаните термички острови, задржување на прашина кои стручно се нарекуваат екосистемски функции.

Додаваат дека конкретното зеленило кое во изминативе неколку денови безмилосно се корне од механизација, очигледно ангажирана од надлежни институции (Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“?), е генерално во одлична здравствена состојба, со многу мал, речиси незначителен, број на исушени садници. 
Заради тоа, инсистираме веднаш да се престане со сите активности отстранување на зеленилото на посочените партии жарданериско зеленило. Најучтиво ги замолуваме градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча да го искористат својот авторитет и позиција и веднаш да го стопираат овој бесмислен масакр на здраво зеленило! Патем, ве потсетуваме на Меморандумите на соработката кои постојат меѓу нашиот факултет и Градот Скопје, како и со ЈП „Паркови и зеленило“, според кои ХЕФ стои на располагање за секакви стручни консултации и совети. Нешто кое мора еднаш за секогаш да стане јасно на институциите на системот и на претставниците во нив – тие постојат за да бидат сервис на граѓаните и одговараат пред општата но и пред стручната јавност! Ние стоиме на располагање да ве упатиме каде сė во градот може и треба да се озеленува, а без при тоа да се уништува вредно и здраво зеленило, и за секакви други стручни аспекти, стои во обраќањето од Факултетот потпишано од деканот проф. Кирил Сотировски.




Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична