20 Декември, 2025
0.0516

Професорот Михаил Токарев, добитник на наградата за архитектура и градителство“Андреј Дамјанов“

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013 14:02

Добивај вести на Viber

Асоцијацијата на архитекти на Македонија, наградата за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството “Андреј Дамјанов“, вчера во црквата Света Богородица во Скопје, му ја врачи на пензионираниот редовен професор од Архитектонскиот факултет, Михаил Токарев. Според претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, се работи за награда која го носи името на голем градител кој умеел да воспостави синтеза помеѓу традиционални вредни трагови и нови, храбри визии и создаде светилишта. -Се случи во еден мошне деликатен и осетлив миг во формирањето на архитектонската свест Андреј Дамјанов да отиде токму во рацете на Проф. Михаил Токарев, токму кај оној кој умее да ги чува, почитува и штити од заборав делото на големите мајстори. Така Андреј Дамјанов отиде на правото место, право во рацете на професорот, тамо каде ќе најде мир и спокој, кај својот чувар. Професорот Токарев е на некој начинј Џорџо Вазари во Македонија. Чест ми е што конечно во Македонија можеме да се пофалиме дека и ние имаме издаваштво во областа на архитектурата.Тој успеа да ја собере на едно место таа драгоцена лабораторија за продуктивни архитектонски и уметнички истражувања и да ни овозможи сите во рака да држиме едма цврста основа која не воспитува во насока на формирање на современа креативна мисла, изјави претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ. Професорот Токарев целиот работен цек го поминува на Архитектонскиот факултет, а зад себе има низа врви проекти и елаборати посветени на архитектурата. -Професорот Токарев, е учител кој благодарение на своето творештво и својот начин на поимање и пренесување на вистинските архитектонски вредности создаде армија генерации кои научија дека архитектурата е секогаш онаква каква е градителската заедница, научија дека ако станат подобри луѓе тоа воедно значи подобра заедница и квалитетна архитектура, научија да ги препознаваат гоелмите архитектонски имиња и дела, научија дека историјата е учителка на животот, научија како во еден деликатен и неблагодарен момент безрезевно и храбро се брани архитектурата со знаење, умеење, научен аргумент, научија дека убавата архитектура никој не може да ни ја земе, а дека другата не е ни важна, научија да ги почитуваат големите мајстори, научија да го бараат она што навистина го сакаат во спротивно ќе не натераат да го сакаме она што ни го даваат, научија дека добриот учител остава трага до крајот на животот, изјави Раѓеновиќ-Јовановиќ. Наградата за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството “Андреј Дамјанов“, Асоцијацијата на архитектите ја доделува по 24 пат.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии