19 Декември, 2025
0.0434

ПРОГНОЗА НА ЦИА ЗА 2015 ГОДИНА: Знаеле за Исламската држава уште пред 15 години

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2015 14:42

Добивај вести на Viber

Пред точно 15 години, Централната разузнавачка служба на извештај од 70 страни објавила прогноза за случувањата во изминативе години но и во годините што доаѓаат. Еве ги најинтересните делови од тој текст. „Меѓународните односи ќе бидат кроени од страна на моќни организации, кои ќе имаат многу големо влијание отколку владите на некои држави. Прогнозата најверојатно ќе биде точна“, се наведува во првиот дел од извештајот кој го направила ЦИА. Американските медиуми оценувајќи ја оваа прогноза денес, тврдат дека ЦИА била во право, а како примери за „моќни организации“, ги наведуваат Исламската држава, или хакерите кои хо соборија „Sony“. ЦИА го предвидела настанувањето и моќта на Исламската држава. ID „Од денес па се до 2015 година терористичките напади ќе станат презачестени, тешко предвидливи и планирани со цел да предизвикаат што е можно поголем број цивилни жртви. Прогнозата е точна!“. Ваквата констатација за жал испадна точна, со оглед на тоа дека терористичките напади во претходните 15 години однесоа голем број животи. „Ирак и Иран ќе развијат догострелно оружје за масовно уништување. Иран би бил во можност да го тестира до крајот на 2014 година“. Оваа прогноза се испостави како „апсолутно – неточна“. ЦИА од Ирак направи глобален непријател на САД, но и на целиот свет, а американската војска изврши интервенција во оваа земја. Иран, од друга страна, исто така трпи различни видови на притисоци од страна на САД и голем број надворешни фактори, како разни здружувања за заштита на човековите права, но сепак и понатаму не попушта. А што се однесува до тестирањето на оружје за масовно уништување , до сега бар нема ни трага ни глас. ЦИА, исто така, предвидела дека популацијата на земјата ќе надмине над 7,2 милијарди жители, што е апсолутна вистина. „Кинеската економија ќе расте до таа мерка што ќе ја надмине Европа и ќе стане втора економска светска сила, по САД“. Ваквата прогноза е многу блиску до вистината со оглед на тоа што економијата на Кина ја потисна и американската која падна на второто место, па денес важи за најсилна економија во светот.       "

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела