Програмери, економисти, инженери-За кои професии има најмногу работа во Македонија?
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2016 15:24
Најмногу барани на македонскиот пазар на труд во моментов според официјалните информации на Агенцијата за вработување се информатичарите, програмерите, економистите.
Во листата најбарани, а која Факултети.мк ја доби од АВРМ се и правниците, сметководители, систем адманистратори, развивачи на софтвер, инженери на софтвер, графички дизајнери, инженер за организацја на производство, градежен инженер, машински инженер, електроинженер, архитект, фармацевтски технолог, инженер-технолог за фармацевтски производи, машински технолог за одржување на процесна опрема, маркетинг агент, агроном за полјоделство.
Кои услови треба да ги исполните за да бидете потенцијален кандидат за вработување?
Од агенцијата за вработување, покрај дипломата за завршено високо образование велат дека работодавачите бараат и други вештини.
Посебен акцент, работодавците ставале на потребата од познавањето на странски јазици, (англиски, германски, италијански), познавање на основни компјутерски апликации (MS Office, Auto Cad),како и стекнати напредни знаења и вештини од областа на информациската технологија (Server administrator, CISCO, Java programmer, Oracle).
Услов која требада го исполните е и да имате сертификати за стекнатите знаења, а други вештини кои треба да ги имате за полесно да ја добиете работата е добра комуникација, тимска работа, флексибилност, организациски спосбности, презентациски спосбности, лидерски способности, способност за донесување на одлуки, професионалност и одговорност и други вештини - велат од АВРМ за факултети.мк.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




