18 Декември, 2025
0.0579

Производните цени во еврозоната забрзано се намалуваат!

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2013 10:25

Добивај вести на Viber

Пад на нивото на цените на Европската унија во април изнесувал 0,7 проценти, додека на производните цени на индустриските производи во еврозоната се намалени за 0,6 отсто во одонос на претходниот месец март, објави во европската агенција за статистика Еуростат. Со тоа падот на производните цени е забрзан на месечно ниви, имајќи предвид дека во март и во монетарната унија и во Европската унија цените кај произведувачите беа намалени за 0,2 отсто на месечно ниво. На годишно ниво цените на индустриските производи кај произведувачите во еврозоната и ЕУ во април 2013 година се намалени за 0,2 отсто, според пресметките што ги објави Еуростат. На месечно ниво пад на цените е забележан во повеќето земји. Во Велика Британија цените паднаа за 1,5 проценти, а веднаш по неа е Белгија со пад од цените од 1,4 отсто, додека пак во Грција и Холандија ените на месечно ниво паднале за 1,3 отсто. Најизразен пад на производните цени на годишно ниво се забележани во Грција и во Полска, за 2,4 проценти, односно 2,1 отсто. Истототака во Шведска производните цени паднале за 1,7 отсто, а во Холандија за 1,5 проценти. Меѓутоа зголемување на производните цени е забележан во Латвија од 1,1 отсто, во Данска од 0,4проценти, во Естонија од 0,2 отсто, а во Кипар и Словачка од по 0,1 процент, додека пак во Словенија и Малта цените останале непроменети. На годишно ниво, најизразен раст на цените кај производителите е забележан во Естонија од 11,3 отсто, додека во Романија пораснале за 4,9 проценти, во Белгија за 1,9 и во Латвија за 1,8 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји