24 Април, 2024
0.0256

ПРОИЗВОДСТВО НА ИНДУСТРИСКИ КУЛТУРИ

Објавено во: Колумни 02 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Индустриските култури во Македонија имаат услови и далеку во поголем број да се одгледуваат и подобри економски резултати да даваат. Имајќи го тоа во предвид сакавме да видиме коку таквата претпоставка, со оглед на природните услови и влијанието на медитеранската клима придонеле да бидат застапени во асортиманот на македонското земјоделство и какви ефекти се остваруваат од нивното производство.


Табела 1. Десетгодишни движења на површини под индустриски култури во РМ

    во хектари

Нашите информации се исклучиво зависни од тоа колку и какви информации овозможуваат податоците на  официјалната статистика објавени во Статистичките годишници на Македонија. За жал показателите за денешната застапеност се повеќе од скромни и недоволни бидејќи во обработливата површина индустриските  култури учествувуват со 4,3%, а во ораници и бавчи со 7,8% (2016год.). ако како репер ја  користиме 1991 година ќе видиме дека тогаш индустриските култури учествуваат во обработливата површина со 8,6%, а во ораници и бавчи 9,6%. До 1991 година статистика оправдана регистрација според обемот на површините заслужувале 6 култури (табела 1). Потоа статистиката регистрира површини на 4 култури (во 2007 год.), а во 2016 година и денес во последното издание на СГ се регистрираат само 2 култури –тутун и сончоглед.


Табела 2. Десетгодишни движења на приносите кај индустриските култури

   Принос по 1ha, во килограми 

Десетгодишното движење на приносите покажува релативно задоволна висина кај

тутунот, кој остварува во континутиет принос од над 1500 kg/ha, имајќи во предвид дека се однесува на ситнолисни сорти тутун. Кај сончогледот има девијации по години со релативно големи разлики, а приносите не можат да достигнат  2000kg/ha, па е во прашање исплатливоста на одгледувањето со вакви приноси (табела 2) афионот (семе) имал стабилни приноси воглавно помеѓу 70kg и 800 kg по хектар.

 

Табела 3.  Десетгодишни движења на вкупното производство кај индустриските култури

   Вкупно производство во тони 

Сончогледот во Македонија се одгледува воглавно без наводнување на подрачја каде нема системи за наводнување, што е и причина за ниски резултати на тоа и релативно мало вкупно производство (табела 3). И тутун и сончоглед во крајот на осумдесетите и почеток на деведесетите години се произведувале со повисоки количини. Тутунот достигнал годишна продукција (рекордна) од 35020 тона (1986 год.), а од сончогледот највисока продукција е остварена во 1989 година од 46345 тони. Во последните десет години за тутунот била најродна 2010 година кога е остварено производство од над 30 илјади тони. Оваа количина се смета дека е реална и може да се оствари редовно се разбира ако се одржува  стандардна технологија и ако нема екстремни временски промени. Одржувањето на нивото на вкупната продукција кај сончогледот како што е остварено во 1991 година поради повеќе причини и покрај тоа што дефицитот помеѓу производството и потрошувачката на масло за јадење е голема, а разликата се надоместува со увоз. Познато е дека со години се вршат обиди да се зголемат потрошувачката на домашниот тутун во цигарната индустрија, тоа не се промени, па енормните вишоци на производство на тутун се извезуваат како суровина.

  Жално е  што афионот според обемот на површините опаднал  на ниво што веќе не е интерес на националната статистика, од 2016 година (табела 3) но обемот на вкупно производство на афион не престанал да биде интересен за статистиката веќе во 2013 година и ако  обемот на поединците по 1991 година го надминал обемот на површините од 1991 година, но проукцијата била знатно повисока.

  Пред десет години во Македонија се откупувале производи од седум индустриски култури според податоци  од статистичките годишници на РМ, додека (табела 4) се откупуваат само 4 производи. Значаен обем на група производи заземаат лековити  растенија, за кои не се знае колку површини ангажираат. Кај тутунот и сончогледот меѓу откуп и производство немаат разлики во обемот, интересно е дека сојата пред 10 години била откупена во над 500 тони, а денес не фигурира.


Табела 4.  Движење на обемот на откупени производи, во тони

Недостигот на суровина од индустриските култури има сериозно влијание на индустриите и на обемот на високо финални производи.

  Вредноста на откупеното производство од индустриски култури достигнува близу 40 милијарди денари. Се разбира, општопознато  е дека тутунот тука има далеку најголем придонес од 3,6 милијарди денари (просечно). Не треба да се потценува откупната вредност на  лековитите растенија и  “друго“  бидејќи приходните од овој откуп ги остваруваат индивидуалните земјоделци или  невработени или поединци кои имаат ситни производни површини. Целта на производство е да се најде купец на произведеното, што кај оваа група култури не е проблем во наши  услови.


Табела. 5  Вредност на откупените производи од индустриски култури

На крајот сакаме да видиме колку вредат производите од индустриските култури и колку придонесуваат во формирањето на економските сметки кај растителното  производство  и во земјоделството (табела 6). Вкупната вредност на економската сметка на производство имала релативен раст до 2015 година кога сериозно опаѓа. Нејзиното учество во економската сметка на растително производство е релативно ниска и нестабилна, само двапати надминала 10% . Учеството во вкупното земјоделство е исто така нестабилно и со големи диференции по години а најниско ниво достигнала во последните години (2016 год.) од само 4,28%

Табела. 6  Економски сметки кај индустриските растенија и учество (процент) во “Растително производство” и во “Земјоделското производство”


  По тековни цени во милиони денари 

Условите на Македонија ни од далеку не се искористени за производство на индустриски култури, поради што сериозно треба да се обрне внимание тој факт преку поголемо внимание и поддршка на производството финансии и на секој друг начин за да се  застапат сите индистриски култури за кои има пред се побарувачка на домашниот пазар, а потоа за извоз. 


Проф. д-р Ромина Кабранова, Проф. д-р Б. Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок