15 Декември, 2025
0.3411

ПроКредит Банка организира работилница за дигитална трансформација на малите бизниси во Струмица

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2025 09:48

Добивај вести на Viber

По двете успешни бизнис конференции во рамки на иницијативата „Дигитална еволуција“, ПроКредит Банка организира еднодневна работилница за дигитална трансформација во соработка со Go Digital и IME програмата, која ќе се одржи на 24 април во Струмица во хотел Eterno од 10:00 до 14:00 часот.

Работилницата ќе биде предводена од Јован Димитров и Димитар Бардаров, сертифицирани експерти за дигитална трансформација.

Јован Димитров, кој доаѓа од Центарот за дигитална трансформација Go Digital, има докажано искуство во ИКТ индустријата, менаџирање со човечки ресурси и финансискиот и банкарски сектор. Поседува диплома за менаџирање на интернет бизниси со силен фокус на финансии.

Димитар Бардаров поседува долгогодишно искуство во ИКТ индустријата, со главен фокус на креирање врвно дигитално корисничко искуство преку дигитални канали и платформи и е одговорен за дигитализација при IME програмата.

Оваа иницијатива на банката е посветена на унапредување на дигитализацијата во македонскиот бизнис сектор со посебен фокус на малите и средни претпријатија. Токму затоа, овој пат настанот е структуиран во форма на работилница и има за цел да обезбеди директна, интерактивна поддршка за претпријатијата кои се подготвени да започнат со автоматизирани или да ги унапредатсвоите дигитални процеси.

„Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку предуслов за одржлив раст и конкурентност, бидејќи носи бројни придобивки како што се оптимизација на работните процеси, автоматизација, подобра услуга за клиентите и поголема флексибилност и ефикасност. На овој настан, во соработка со експертите од Центарот за дигитална трансформација - Go Digital и IME програмата,  ќе ги запознаеме учесниците со конкретни алатки и чекори за нивна имплементација во секојдневното работење“ - истакнуваат од ПроКредит Банка.

Програмата на еднодневната обука е внимателно осмислена за да ги води учесниците низ целиот процес на дигитална трансформација – од запознавање со клучните трендови, преку анализа на моменталната состојба на нивната компанија, до практични чекори за спроведување промени.

Ќе се зборува за дигиталната трансформација не само како технолошка, туку и како стратешка и културна промена во компанијата од аспект на ефикасност, продуктивност и конкурентност. Преку практична работа и размена на искуства, секој учесник ќе може да направи проценка на дигиталната зрелост на својата компанија, како и да ги препознае трендовите што најмногу одговараат на неговото работење.

Пријавете се на овој линк и резервирајте го вашето место. Бројот на учесници е ограничен.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија