19 Декември, 2025
0.0370

ПРОМЕНИ ВО МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ: Aлександар Иљов нов член на УО на Халк Банка

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2023 18:20

Добивај вести на Viber

Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази – е новиот состав на Управниот одбор кој ќе раководи со Халк банка. Младиот тим ја доби довербата од колегите да се вклучи во реализацијата на долгорочната визија за раст и развој на Банката.

Насочени кон долгорочната визија за успешен раст и развој, Хакбанк АД Скопје донесе одлука за промена во својот менаџерски тим, со која ќе се овозможи континуитет на досегашното успешно работење на банката.  Имено, од моментот на доаѓањето на македонскиот пазар,  преку посветеноста, стабилниот раст, пазарната ориентираност и поддршката од матичната банка, Халкбанк успеа да стане дел од големата банкарска петорка и една од системски значајните банки во државата. А денес, Банката располага со актива од речиси 1,4 милијарди евра.

„Согласно донесената одлука од Надзорниот Одбор на Банката, досегашните членови на управниот одбор, Турхан Адеми, Букет Геречџи и Томче Тасевски, ќе бидат наследени од нивните помлади колеги кои преку стекнатите искуства и ескпертиза, својата енергија ќе ја насочат во лидерските позиции на банката. Со предложените нови членови на Управниот Одбор од редовите на вработените  Беркан Имери,  Александар Иљов и Мухамед Хаџипази, се создава можност за кадровско поместување во раководните структури, за кариерно напредување и за развој на персоналот во компанијата –пракса за која Халкбанк постојано се залага. Новите членови на УО се очекува да продолжат со успешната работа како и нивните претходници, што ќе овозможи натамошен раст и остварување на заедничката визија. За таа цел, Банката ја започнува редовната постапка за нивно лиценцирање од страна на Народната банка, согласно Законот за банките“, соопштија од банката. 

Халкбанк АД Скопје искажува огромна благодарност до Турхан Адеми, Букет Геречџи и Томче Тасевски  за дадениот, исклучителен придонес во креирање на успехот на Банката.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии