ПРОМЕНИ ВО НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО - Давид Бенедек ќе биде претседател, доаѓа на местото на Петер Скварча
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2024
Промени се случиле во органите на управување на компанијата Сава пензиско друштво, конкретно во нивниот Надзорен одбор.
За тоа од ова друштво ја извести јавноста преку Македонскатра берза.
„Ве известуваме за извршена промена во Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Во Централниот регистар на Република Северна Македонија извршен е упис на Давид Бенедек за член на Надзорен одбор, по дадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Функцијата на член на Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје ја извршува на местото на членот Петер Скварча. Истовремено е извршен и упис на промена на позиција Претседател на Надзорен одбор, односно Давид Бенедек е впишан за Претседател на Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје: - Давид Бенедек, Претседател - Павел Гојкович, член - Рок Мољк, член - Ерол Хасан, независен член“, се вели во објавата на компанијата преку Македонската берза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.