ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ - Трајановска именувана за нов член
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2025 12:55
Ново име во Управниот одбор на Стопанска банка АД - Скопје. Мирјана Трајановска станува член на УО, а таа е Генерален директор за финансии на Банката.
За промените во управниот одбор на банката стигна известување на Македонска берза.
- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 18/2025 од 24.03.2025 год. и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-13009/5 од 19.6.2025, г-ѓа Мирјана Трајановска се именува за член на Управен одбор – Генерален директор за финансии на Банката - се наведува во објавата доставена до Македонска берза.

Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




