15 Јануари, 2025
0.0247

Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е  во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на едниот предговор во книгата, а модераторка ќе биде уредничката Бисера Бендевска. „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е поддржано од Министерството за култура, како дело од национален интерес.

Ова е второ претставување на „Костимот во Македонија“,  по промоцијата во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во март оваа година. Книгата ги сублимира сознанијата и знаењата здобиени од стручната наобразба на авторката во областа на костимографијата и на модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè како филмски и музејски костимограф. Повикувајќи се на големите студии на проф. д-р Ѓорѓи Здравев за македонските народни носии, на д-р Воислав С. Радовановиќ, кој се фокусирал на раскошноста на мариовската носија и на неколкумина други македонски стручни лица, етнолози, и потпирајќи се на својот вроден раскажувачки талент, Тодорова-Младеновиќ создаде читлив и рецептивен текст интересен за стручната јавност, но и за секој љубопитник што го интересира развојот на облеката во Македонија од првите фотографски записи, па до денес.

Стилот на пишување е белетризиран и збогатен со цитати од македонската книжевност, конкретно од романот „Крпен живот“ на Стале Попов во кој детално се опишуваат постапките на креирање облека во домаќинството, а вклучени се и сведоштва на историски личности од почетокот на 20 век во Македонија, кои зборуваат за други аспекти на облекувањето во тоа време. Книгата е збогатена со многубројни фотографии од приватната архива на авторката и од други извори, педантно забележани во книгата.

Зорка Тодорова-Младеновиќ (1943) е моден креатор, костимограф, автор и новинар. По дипломирањето на Националната школа за декоративни уметности во Париз, Франција, во 1968 година, се вработува во Радио-телевизија Скопје како костимограф за ТВ-серии, драми и музичко-забавни емисии. Истовремено работи костимографии и за играни филмови („Мементо“, „Жед“, „Истрел“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Војната заврши“ итн.), и за театарски претстави (во Драмски театар, Кумановски театар, Битолски театар, Театар на националностите, Театар „Пралипе“ итн.). Во текот на својот работен век пишува и текстови за мода во македонските дневни и периодични изданија („Починка“, „Екран“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Журнал“, „Просветена жена“ и др.), а одреден период го уредува специјализираното списание „Текстилен информатор“. По пензионирањето, Тодорова-Младеновиќ реализира околу 200 историски костими за восочните фигури изложени во редовните поставки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како и во Археолошкиот музеј во Скопје.

 
Книгата „Костимот во Македонија“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија