15 Ноември, 2024
0.0324

Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“ од д-р Блага Панева, во издание на „Супрема“, ќе биде промовирана на 20 ноември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Веселинка Лаброска, редовен професор, дописен член на МАНУ, и д-р Александар Маркоски, вонреден професор и активен јавен обвинител.

Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото влијание врз нормата. Во делото се опфатени: Македонскиот јазик во основното образование со посебен акцент на програмското подрачје јазик; Анализа на гласовните промени во писмените текстови; Консонантски групи во почетна, медијална и финална позиција; Финални согледувања од анализите и насоки за подобрување. Изданието  е заокружено со прилози и резиме на македонски и англиски јазик, како и список на богата користена литература.

Делото е произлезено од докторската дисертација со наслов „Артикулациjата на гласовите и акцентирањето во колоквијалниот изговор во Скопје и нивното влијание врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма во наставата (врз база на корпус од говорни и пишани материјали)“, која Панева ја има одбрането на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во 2022 година.

Ако основната цел во секоја наставна програма по македонски јазик и литература, во сите степени на образованието, е „учениците правилно усно и писмено да се изразуваат“, тогаш грешките што ги прават тие, особено во писменото изразување, упатуваат на потребата од наоѓање начини и форми за подобрување. Поаѓајќи од фактот дека употребата на информатичко-комуникациската технологија влијае врз изговорот и пишувањето кај младите, целта на оваа книга е да го претстави начинот на изразување и пишување кај средношколската младина, притоа посебно обрнувајќи внимание на зачестеноста во правописните грешки, ситуација што е во голема мера недозволива за ученици од повисоките одделенија во основното образование, а уште помалку за ученици од средното образование.

Aвторката д-р Блага Панева е родена во 1963 година, во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1989 до 2002 година работи како професор/наставник по македонски јазик и литература во средните училишта во Скопје „Лазар Танев“, „Гоце Делчев“, „Владо Тасевски“ и „Никола Карев“ и во ОУ „Васил Главинов“ во Велес. Од 2002 година до денес работи како советник во Бирото за развој на образованието во Скопје.
Има објавено повеќе научни и стручни трудови во списанијата: „Литературен збор“, „Стремеж“, „Образовни рефлексии“, како и во повеќе зборници од меѓународни научни конференции, на македонски, но и на англиски јазик. Со Јадранка Клисарова и Јован Радески е коавторка на учебниците Македонски јазик со елементи на национална култура,за прво, второ и трето одделение, наменети за децата на нашите иселеници во странство (Република Србија). Исто така е коавторка на повеќе книги и прирачници: Нови аспекти на инспекторирањето во образованието, со д-р К. Петковски; Самоевалуацијата во училиштата, со д-р Лиз Томсон, д-р Дон Квист и група автори; Промоција на хумани вредности, со м-р Дарко Јорданов и  група автори; Прирачник за наставата по немајчин јазик, д-р Алесандро Бенати и група автори; Концепција за изработка на учебник со методологија за вреднување на учебник, група автори; Збирка на добри практики за планирање и реализација на наставна содржина со примена на критичко размислување, решавање проблеми и кодирање.

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk

Можеби ќе ве интересира

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации

„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации

Влијанието на 4iG: Како купувањето на ОНЕ Црна Гора го преобликува телекомуникацискиот пејзаж на Црна Гора

Влијанието на 4iG: Како купувањето на ОНЕ Црна Гора го преобликува телекомуникацискиот пејзаж на Црна Гора

ОКТА донираше фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во Општина Центар

ОКТА донираше фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во Општина Центар

TAVI-ПРОЦЕДУРА – ЗАМЕНА НА СРЦЕВ ЗАЛИСТОК БЕЗ ОПЕРАЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

TAVI-ПРОЦЕДУРА – ЗАМЕНА НА СРЦЕВ ЗАЛИСТОК БЕЗ ОПЕРАЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Иновациите со AI на Samsung добија признание од Consumer Technology Association

Иновациите со AI на Samsung добија признание од Consumer Technology Association

Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ како симбол за машкото здравје во Градскиот парк

Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ како симбол за машкото здравје во Градскиот парк