15 Ноември, 2024
0.0332

„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

„Тинекс“ оваа година одбележува значајно достигнување – 30 години успешно работење на македонскиот пазар. Како дел од стратегијата за развој на компанијата, но и како нераскинлив дел од постењето на „Тинекс“ како групација, оваа година фокусот беше на големи промени и подобрувања со цел да се постигне извонредно купувачко искуство.

Проширени се и модернизирани продажните места, со што купувачите добија уште подобро искуство при пазарувањето. Компанијата воведе и нови каси за самонаплата кои наскоро ќе ги има во уште поголем број во продажните места во Скопје, што значително ја зголемува ефективноста во пазарувањето.

„Тинекс“ денес располага со 58 продажни места низ Македонија, меѓу кои 43 се маркети, а останатите се: парфимерии„Cosmo“, „TinexHome“, кафетериите „ToGo“ и новиот концепт на продавници„СПОТ“, кои ги задоволуваат потребите на оние кои сакаат на едно место да испазарат неопходни артикли, но и да го купат првото утринско кафе или појадок на пат кон работното место.

Како дел од постојаното проширување на асортиманот, „Тинекс“ нуди широк избор на производи од различни категории кои се достапни ексклузивно во мрежата на „Тинекс“ како на пример познатите брендови: „COOP“, „Chef a casa“, „Koukakis“, „Kolios“, „Gianni Negrini“, „Uggiano“, „Spitiki“, „Agriform“, „Radatz“, „Moser“, „Ciresa“, „Inalpi“, „Callipo“, „Garofalo“, „Aenaon“,  „Senx up“ и „Pizzoli“. Овие производи дополнително го збогатија изборот во маркетите, овозможувајќи им на купувачите пристап до квалитетни и иновативни артикли, со кои „Тинекс“ се издвојува на пазарот.

Но, компанијата не е насочена само кон комерцијални успеси. Општествената одговорност останува важен дел од корпоративната култура на „Тинекс“ и продолжуваат иницијативи за поддршка на ранливите групи, спортски клубови и сегменти од општеството каде е потребна помош, а еколошката свест се издигна на уште повисоко ниво преку напори за намалување на отпадот преку соработката со „Пакомак“. Со вендинг машини за рециклирање поставени во маркетите, „Тинекс“ веќе собра и рециклираше повеќе од три милиони пластични шишиња и лименки, придонесувајќи кон зачувување на животната средина.

„Тинекс“ и во периодот што следува ќе продолжи со иновации, новитети и постојана модеринизација, нудејќи им на своите купувачи врвно искуство при пазарувањето.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Зоран Спасов Ѕоф: Ако не се расплачеш или насмееш читајќи ја „И јас сум Сирма“ не си човек!

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство - Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева

Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева

Влијанието на 4iG: Како купувањето на ОНЕ Црна Гора го преобликува телекомуникацискиот пејзаж на Црна Гора

Влијанието на 4iG: Како купувањето на ОНЕ Црна Гора го преобликува телекомуникацискиот пејзаж на Црна Гора

ОКТА донираше фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во Општина Центар

ОКТА донираше фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во Општина Центар

TAVI-ПРОЦЕДУРА – ЗАМЕНА НА СРЦЕВ ЗАЛИСТОК БЕЗ ОПЕРАЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

TAVI-ПРОЦЕДУРА – ЗАМЕНА НА СРЦЕВ ЗАЛИСТОК БЕЗ ОПЕРАЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Иновациите со AI на Samsung добија признание од Consumer Technology Association

Иновациите со AI на Samsung добија признание од Consumer Technology Association

Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ како симбол за машкото здравје во Градскиот парк

Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ како симбол за машкото здравје во Градскиот парк