15 Мај, 2024
0.0257

Промоторите во историјата: Владата ќе вработи 30 луѓе во три канцеларии во светот за промоција на државата

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Нема да има промотори кои ќе носат странски инвеститори, туку канцеларии во три земји во светот преку кои ќе се промовираат предностите за вложување во Македонија и ќе сепродаваатдомашните производи надвор. Владата размислува да отвори канцеларии во Германија, САД и најверојатно во Турција во кои ќе вработи по десетмина луѓе. Нивната цел ќе бида слична како таа на промоторите кои ги промовираше претходната власт, ама ќе финкционираат по различен концепт. Нема да имаат врска со македонските амбасади во тиеземји и ќе работат по одредени правила. Вицепремиерот Кочо Анѓушев за Фактор обелодени каков план има во однос на идната промоција на земјава. За тоа веќе биле предвидени и пари.

„Преку Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони ќе одредиме три дестинации во светот. Една ќе биде во Америка, другата во Германија која ќе ја покрива Европа и една кон Блискиот исток, најверојатно Турција. Таму ќе вработиме професионални луѓе за промоција на условите кои ги нудиме во Македонија согласно Законот за финансиска поддршка. Тие пари во буџетот се обезбедени. Практично ќе отвориме канцеларии кои ќе бидат македонски претставништва за развојот на македонската економија и за привлекување на странски инвестиции, но и центри од каде ќе се нудат производи од македонската економија, вели Анѓушев за Фактор.

Според првичниот план, канцеларијата во САД ќе биде најверојатно на Источниот брег, таа во Германија во областа Западна Рајна Вествалија за да може да биде блиску и до Холандија и Белгија. Кадарот ќе се избира на оглас, а Анѓушев вели дека нема да прават компромис со политички кадри туку ќе се вработат стручни и квалификувани луѓе.

Инаку СДСМ уште во изборната програма наведе дека ќе го напушти концептот на избор на промотори за промоција на Македонија.  Се тврдеше дека тој концепт е скап а не носи инвестиции. За време на оваа Влада требаше да се избираат економски аташеа во амбасадите ама и таа идеја не се реализираше. Според неофицијални информации често економските претставници доаѓале во конфликт со луѓето од македонските амбасади.

Првите промотори државата ги доби во 2008 година. До средината на 2017 година имаше 33 во светот. Во една година или поточно во 2016 година за нив биле исплатени 1,2 милиони евра од буџетот. Секој од промоторте според информациите имал плата од 2.500 до 3.000 евра.

Заводот за ревиија во својот извештај објавен во јануари годинава за работата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција и упати негативни оценки и сериозни критики токму за работата со економските промотори, чиј последен ангажман заврши на 30 јуни 2017-та . 

Исплаќани им биле аванси кои до денот на ревизијата материјално не ги раздолжиле за претходно земените аванси, имало неспроведување на тендерска постапка за нивната селидба и транспорт, дискутабилно е собирањето на сметките (фактурите) од страна на самите промотори, надоместоците за становите во градовите во кои работеле, не се следел ниту квалитетот и резултатите на нивната работа, а тие не испраќале неделни извештаи иако биле должни. Критикувана подеднакво е и Агенцијата за промоција и странски инвестиции бидејќи директорот си дал дискреционо право сам да одлучува за тоа колкави се трошоците на промоторите што треба да им се исплатат. Само четири економски промотори се тужат од страна на Агенцијата за невратени аванси од 1,2 милиони денари. Висар Фида е наведен како раководител на Агенцијата за овој период.

Неивесноста со промоторите трае од средината на 2017-та. Трансакциските сметки на последните економски промотори се уште не се затворени поради наплата на побарувања од нив. Станува збор за вкупно 34-ица ангажирани. Одговорните лица на агенцијата во април минатата година до Владата доставиле писмено барање за потребата од повторно ангажирање на економски промотори и во дописот е истакната потребата тоа да биде на поинаков и ревидиран начин.

А.Т. – А.К.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри