14 Јули, 2025
0.0261

ПРОНАЈДЕНИ 30 ТЕЛА НА ПАТНИЦИТЕ ВО АВИОНОТ НА ЕР ИНДИЈА - дел од повредените се пренесени во најблиските болници

Објавено во: Свет 12 Јуни, 2025 12:47

Добивај вести на Viber

Авионот на „Ер Индија“ што се урна кратко по полетувањето превезуваше 242 лица, вклучувајќи 10 членови на екипажот и двајца пилоти.

Претседателот на „Ер Индија“, ја потврди несреќата на летот AI-171 од Ахмедабад до Лондон, велејќи дека станува збор за „трагична несреќа“.

Според првичните информации, досега се извлечени 30 тела. Операцијата за извлекување продолжува.

Според експерт за безбедност во воздухопловството, Марко Чан временските услови биле стабилни и ведри кога авионот се урнал. Посочил дека површинските ветрови биле слаби, а видливоста беше шест километри, според прогнозата за воздухопловство во тоа време, позната како МЕТАР.

Чан додава дека „немало пријавени значајни облачни или временски настани, без индикации за промена на ветерот, бури или други неповолни услови што можеби придонеле за инцидентот“.

Авион на „Ер Индија“ со лет кон Лондон се урна денеска кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земјата.

„Летот од Ахмедабад во 13:38 часот, превезуваше 242 патника и членови на екипажот во авионот Боинг 787-8. Од нив, 169 се индиски државјани, 53 се британски државјани, еден канадски државјанин и 7 португалски државјани.

Повредените се однесени во најблиските болници, соопшти компанијата“.

Службите за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, веднаш биле испратени на местото на катастрофата и во тек е операција за спасување.
Состојбата на патниците и екипажот во моментов е непозната. Несреќата се случила кратко по полетувањето на авионот, под засега нејазни околности. Во тек е операција за пребарување и спасување за пронаоѓање и евакуирање на преживеани.

Ер Индија потврди дека нивниот лет 171 од западниот град Ахмедабад до Лондон Гетвик се урна во „трагична несреќа“.

„Со длабока тага потврдувам дека летот 171 на Ер Индија,  од Ахмедабад до Лондон Гетвик, денеска имаше трагична несреќа“, изјави претседателот на Ер Индија, Натараџан Чандрасекаран.

„Нашите мисли и најдлабоко сочувство се со семејствата и најблиските на сите погодени од таа катастрофа“, рече тој, додавајќи дека е активиран центар за итни случаи и е формиран тим за поддршка на семејствата кои бараат информации. 

Во последниве години, Боинг 787 Дримлајнер се соочи со низа сериозни проблеми што предизвикаа загриженост во авиоиндустријата и меѓу регулаторите. Иако овој модел е познат по својата напредна технологија и ефикасност, низа инциденти и производствени неуспеси доведоа до зголемен надзор и критики.

Еден од најзначајните проблеми се однесува на производствените дефекти во споевите на трупот. Инженерот на Боинг, Сем Салепур, тврдеше дека за време на склопувањето биле користени несоодветни методи што би можеле да доведат до предвремено заморување на материјалот и потенцијално структурно оштетување.

Салепур предупреди дека доколку тие проблеми не се решат, тие би можеле да резултираат со катастрофални последици. Федералната администрација за воздухопловство (FAA) започна истрага за да ги испита овие тврдења.

Покрај тоа, Боинг се соочува со обвинувања за користење несертифицирани делови во производството на 787 Дримлајнер. Италијанските власти открија дека повеќе од 4.800 делови што се користат во овие авиони имале лажни сертификати за квалитет. Овие откритија дополнително ја поткопаа довербата во производствените процеси на Боинг.

Покрај структурните проблеми, Дримлајнер имаше и оперативни инциденти. Во март 2024 година, авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на „ЛАТАМ ерлајнс“ имаше ненадејна несреќа во лет, при што беа повредени 50 патници. Иако авионот слета безбедно, инцидентот покрена дополнителни сомнежи за безбедноста на овој модел.

Овие проблеми доаѓаат во контекст на поширока контрола на „Боинг“, особено по двете фатални несреќи на „737 MAX“. Овие инциденти ги поттикнаа регулаторните агенции и авиокомпаниите да ги преиспитаат безбедносните стандарди и производствените практики на „Боинг“.

Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

ПОВРЕДЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 ЛУЃЕ: Се урна пешачки мост во Русија

ПОВРЕДЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 ЛУЃЕ: Се урна пешачки мост во Русија

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО АНКАРА: Загинаа три лица, меѓу кои и едно бебе

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО АНКАРА: Загинаа три лица, меѓу кои и едно бебе

Украинците ги убија руските агенти кои го ликвидираа нивниот разузнавач во Киев

Украинците ги убија руските агенти кои го ликвидираа нивниот разузнавач во Киев

(ВИДЕО) СНИМКАТА СТАНА ВИРАЛНА: Eрдоган одржа историски говор за разоружувањето на ПКК, Емине се расплака

(ВИДЕО) СНИМКАТА СТАНА ВИРАЛНА: Eрдоган одржа историски говор за разоружувањето на ПКК, Емине се расплака

ИРАНСКИ МЕДИУМИ: Претседателот Пезешкијан е ранет во израелски напад

ИРАНСКИ МЕДИУМИ: Претседателот Пезешкијан е ранет во израелски напад

(ВИДЕО) ВОДАТА НОСИ АВТОМОБИЛИ: Поплави ја зафатија Шпанија

(ВИДЕО) ВОДАТА НОСИ АВТОМОБИЛИ: Поплави ја зафатија Шпанија

ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ ЗА ПУТИН: Tој е добар пример за добар христијанин

ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ ЗА ПУТИН: Tој е добар пример за добар христијанин

(ФОТО) Луксузно одморалиште е отворено во Северна Кореја: Еве како изгледа

(ФОТО) Луксузно одморалиште е отворено во Северна Кореја: Еве како изгледа

(ВИДЕО) ГАФ НА ТРАМП: Го праша колегата од Либерија каде научил толку убаво да зборува англиски

(ВИДЕО) ГАФ НА ТРАМП: Го праша колегата од Либерија каде научил толку убаво да зборува англиски